1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Длабоки јазови во Хонг Конг

Филип Блиски/ Превод: Жана Ацеска22 октомври 2014

„Согласни сме дека во ништо не се согласуваме“-гласи резимето на долгоочекуваните разговори меѓу хонгконгшките студенти и владата. И сега? Ќе се протестира и натаму, смета Филип Блиски.

Фотографија: AFP/Getty Images/P. Lopez

Може дури да се помисли дека и самиот распоред на седењето на преговарачите го навести резултатот на разговорите. Претставниците на студентите и на владата не седеа на тркалезна маса - едните седеа лево, другите, на извесно растојание, десно- а меѓу нив длабок јаз. Така и се разделија двете страни, на повидок нема никаков договор. Студентите допрва ќе решат дали се исплатува воопшто продолжување на дијалогот.

Притоа, од страна на владата во Хонг Конг имаше сигнали барем за обид за отстапки кон студентите. Премиерот Леунг Чун-Јинг пред дијалогот изјави дека постои простор за изборот на кандидатите за функцијата премиер, која ја врши Комитетот за номинирање, да се направи подемократски. Слично настапи и предводничката на владиниот преговарачки тим, Кари Лам, на разговорите: рамките, одредени од Националниот Конгрес, даваат извесен маневарски простор. Освен тоа, реформата на изборниот систем за 2017 година нема да биде конечна во тој момент, што би значело, можна е натамошна демократизација.

Идеали наспроти реалност

Сепак, владата на Хонг Конг јасно стави на знаење: засега нема да има вистински демократски избор, без претходна селекција на кандидатите. Аргументацијата гласи: селекцијата, извршувана од воглавно репрезентативниот Комитет за номинации, е утврдена во хонгконгшкиот устав, договорен во 1997 година при предавањето на Хонг Конг на Кина. Хонг Конг не е независна држава, туку само регион со специјална управа во рамките на Кина. Не е доволно само да се имаат идеали, мора да постои и соочување со реалноста.

Филип БлискиФотографија: DW/M.Müller

Каква ќе биде сега позицијата на студентите, ќе покажат наредните денови. Но, првите реакции се јасни: од аспект на студентите, овие мали чекори не се доволни. Дури и во случај студентските организации во основа да искажат подготвеност и да се согласат за компромис, односно за само еден мал чекор во насока на демократизација, можно е тоа да не промени ништо на ситуацијата на улиците. Зашто, движењето одамна стана независно и се осамостои.

Улични блокади и солзавец

Првичните иницијатори на протестите, студентските и организациите на учениците, како и движењето „Окупирај централно“ сега само даваат импулси. Многумина од студентите на улиците не сакаат да направат ни милиметарска отстапка во однос на своите максималистички барања за стопроцентни демократски избори. Дури и тогаш кога и самите се свесни-ова барање нема шанса да се реализира во догледно време. Што значи тоа? Во блиска иднина во Хонг Конг нема изгледи за крај на конфронтациите. Се‘ укажува на натамошни демонстрации и улични блокади и солзавец.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми