1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Добар Сириец, лош Сириец?

Нина Веркхојзер
11 октомври 2016

Сириец осомничен за тероризам беше уапсен во Лајпциг со помош на негови сонародници. Сега некои бараат орден за заслуги за „добрите Сиријци“, подбуцнувачите на омраза пак имаат апсурдна претпоставка.

Deutschland Terrorverdächtiger in Leipzig gefasst
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Schmid

За Сиријците кои во Лајпциг го врзаа и на полицијата ѝ го предадоа својот сонародник, кој беше во бегство, пофалба има не само на социјалните мрежи, туку таа стигнува и од највисоките позиции - благодарност изрази и канцеларката Ангела Меркел, која во моментов е во Африка. Без храбрата акција на Сиријците, 22-годишниот Џабар ал-Бакр веројатно немаше да биде толку бргу фатен. Ал Бакр е осомничен за тероризам, а во Германија дошол како бегалец.

Според она што досега е познато, ситуацијата била исклучително загрижувачка. Ал Бакр имал контакт со терористичката милиција „Исламска држава“ и поседувал експлозив ТАТП со кој можел да изврши разорен напад. И во случајот со терористичките напади во Париз и Брисел во игра беше ТАТП. Експлозивот, кој инаку е тешко да се направи, веќе бил измешан во моментот кога полицијата во саботата влезе во стан во Кемниц и го заплени. Ископана е дупка, за да се спроведе контролирана експлозија.

Нина Веркхојзер

Муниција за двете страни - поларизацијата останува

Следуваше вознемирувачки викенд, во текот на кој полицијата во покраината Саксонија трагаше по Ал Бакр. Сѐ до моментот кога неговите сонародници, каде побарал засолниште, не се јавија во полиција. Тие го сторија вистинското и го заслужија признанието кое сега им се дава. Презедоа и личен ризик - полицијата од безбедносни причини не го открива нивниот вистински идентитет, поради можна одмазда.

Нивното храбро дело меѓутоа не менува ништо во ставот на оние кои сосема недиференцирано поттикнуваат омраза против бегалците. На социјалните мрежи битката меѓу „про“ и „контра“ таборот се води со несмалена жестина. Случајот служи како муниција за двете страни. Додека едни бараат орден за заслуги за „добрите Сиријци“, подбуцнувачите на омраза имаат апсурдна претпоставка дека текот на апсењето бил инсцениран од страна на канцеларката, за да се смени расположението во земјата во полза на бегалците.

Големата опасност од терористички напад во Германија и натаму е присутна. Постојано има апсења на осомничени бегалци кои се во контакт со ИД или планираат напади. Оваа опасност повторно е потенцирана со случајот на Ал Бакр. На безбедносните служби им се познати многу т.н. „загрозувачи“, но не се познати сите. Тоа што со најновото апсење е спречен можен тежок терористички напад, е успех. Но, ризикот останува.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми