1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кризна средба на Габриел и Чавушоглу

СН/ агенции
8 март 2017

Турскиот министер за надворешни работи деновиве изнесе слични остри критики за Германија како претседателот Ердоган. Тој и неговиот германски ресорен колега сега на средба во Берлин се обидоа да ја смират ситуацијата.

Deutschland Treffen Gabriel und Cavusoglu
Фотографија: picture-alliance/AA/C. Ozdel

Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел на кризната средба со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу ги отфрлил „нацистичките споредби“ изнесени од страна на владата во Анкара. Тој утрината по средбата со Чавушоглу во еден хотел во Берлин истакна дека јасно укажал на тоа дека постојат граници кои не смеат да се пречекорат, а кон тоа припаѓаат и обвинувањата од турските власти, во прв ред претседателот Реџеп Таип Ердоган, дека Германија спроведува „нацистички методи“

„Разговорите беа добри искрени и пријателски, но истотака и тврди и контроверзни во содржината“ , истакна Габриел, кој дополни дека со Чавушоглу зборувал пред сѐ за спорните теми во односите меѓу Берлин и Анкара- турскиот уставен референдум, случајот со уапсениот германски новинар Дениз Јуџел и настапите на турските политичари во Германија во функција на референдумската кампања.

Апел до Турците во Германија

Министерот не наведе конкретни резултати од средбата.  „Се согласивме, дека ниту една од двете страни нема интерес за долгорочно нарушување на односите“, изјави Габриел. Сега државите треба, како што истакна, чекор по чекор  да се вратат кон нормални и повторно пријателски односи.

Ердоган обвинува за „нацистички методи“ на Германија

01:01

This browser does not support the video element.

Шефот на германската дипломатија покрај тоа апелираше до Турците,спорот околу референдумот за промена на уставот, да не го пренесуваат во Германија. „Не смееме во Германија да дозволиме, политичките спорови од Турција да бидат увезени во Германија“.

Некои претставници на турската влада веќе имаа настапи во Германија во рамките на референдумската кампања. Настапите на други пак беа откажани од страна на германските општини поради безбедносни причини. Германската сојузна влада меѓутоа не размислува за генерална забрана . Во Турција на 16 април на референдум ќе се гласа за уставната реформа, која би требало да му обезбеди далеку поголема моќ на шефот на државата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми