1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Добредојдовте на Проксима Б

БГ25 август 2016

Астрономите открија нова планета во близина на Сонцето на која можеби постојат услови за живот слични на Земјата. Проксима Б, како што се нарекува, е оддалечена четири светлосни години од Земјата.

Фотографија: picture-alliance/dpa/ESO/M. Kornmesser

Планетата има своја ѕвезда слична на Сонцето која ја обиколува за 11 дена. Проксима Б е откриена со телескопот во Ла Сила во Чиле.
Поголема е за 1,3 пати од Земјата и орбитира околу своето „Сонце“ за 11,2 дена.
Иако засега немаат докази за да ја потврдат теоријата, научниците сметаат дека е можно оваа планета да има атмосфера слична на Земјата и на неа да има вода, што би значело и услови за живот.

Добредојдовте на Проксима Б

01:23

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми