1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доведете ги Италијанците!

Оливија Герстенбергер/превод:БГ2 јули 2016

Во четвртфиналето на Европското првенство во фудбал, Германија игра против Италија. Тоа е ривал кој Германија никогаш го нема победено на големи натпреварувања. Сега тоа може да се промени, смета Оливија Герстенбергер.

Фотографија: picture-alliance/dpa

„Само не Италија!“, деновиве тоа беше најчестиот одговор на прашањето за најпосакуваниот противник на Германија во четвртфиналето. Подобро ќе беше Шпанија. Италија е непријатен, непресметлив противник против кој тешко се игра, екипа која Германија досега никогаш не успеала да ја победи на голем турнир. Кобен противник? Чекајте малку!

Германија во Бразил пред две години стана светски првак. Ја победи Аргентина. Го демонтираше Бразил. Во Франција, германскиот тим е единствениот кој сѐ уште е без примен гол. Го има најдобриот голман на светот. Има одбранбени играчи кои постигнуваат голови. И мудар тренер. Од групната фаза беа извлечени поуки: Лев прво фино ја намести одбраната, а потоа успешно го разигра и нападот. А Томас Милер притоа сѐ уште не почна да дава голови! Победата од 3:0 против Словачка беше една од најсигурните на ЕП. Освен тоа, во тимот владее мир. Возбудувања единствено имаше околу гаќите на Јоахим Лев. И тоа не е сѐ... германските фудбалери се во топ форма.

Оливија Герстенбергер

Болни порази

„Мислам дека сега двете најдобри екипи на турнирот ќе играат една против друга“, така гласеше првата реакција на германскиот селектор по победата на Италијанците над Шпанците од 2:0. Слично се изрази и неговиот колега Антонио Конте. И така треба и да биде. На Германија, со сета почит, веќе не ѝ се потребни Северни Ирски, Словачки и Украини. Доколку светскиот првак сака да стане и европски- а тоа е целта и ништо друго- тогаш ќе мора да ги победува и „големите“. Што вреди пробивањето до финалето и победите над аутсајдерите доколку попат морате да слушате такви забелешки? Не! Донесете ја Италија! А потоа нека дојде и „главниот фаворит“ Франција. Оној кој ќе ги победи нив со право може на главата да ја стави европската круна.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми