1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договорот за демаркација на границата не е признаен од Косово

25 април 2006

Претседателот на Демократската партија на Албанците во Македонија Арбен Џафери денеска во Приштина се сретна со косовоскиот премиер Аким Чеку. По состанокот косовскиот премиер Чеку уште еднаш го потврди ставот, дека косовските институции не ги признаваат договорот за демаркација на границата меѓу Скопје и Белград.

Водечките претставници на институциите во Косово не го признаваат договорот за регулирање на границата меѓу Косово и Македонија, кој во 2001 година беше потпишан од владите во Белград и Скопје. Тие, ги потсетуваат македонските власти, дека во 2001 година парламентот на Косово усвои резолуција која го отфрла договорот. Овие изјави доаѓаат само неколку денови пред официјална посета на премиерот на Косово Агим Чеку на Скопје. Но шефот на косовската влада Чеку изрази надеж, дека нерешеното прашање со границата нема да доведе до напнатост и нема да ги оптовари добрите соседски односи меѓу Македонија и Косово

„Ова прашање нема да биде причина за закана, дестабилизација или влошување на односите меѓу Македонија и Косово.“

Властите на Косово уште изјавуваат дека прашањето со границата не било итно и не и штетело на стабилоста меѓу двете земји. Тие додаваат дека прашањето сеуште може да биде решено, кога ќе се појави погоден момент и тоа тогаш кога ќе биде решен политичкиот статус на Косово. Тие истакнуваат, и дека треба да биде продолжена соработката меѓу Македонија и Косово по однос на прашањата кои се однесуваат на стабилноста на регионот.

Во 2001 година имено владите во Скопје и Белград се спогодија околу текот на границата, кои властите на Косово го отфрлаат, бидејќи сметаат дека со тоа 250 хектари земја од Косово и се отстапени на Македонија.

Овој договор, во времето кога беше донесен е признаен и од страна на Обединетите Нации. Во договорот уште е утврдено, старите внатешни граници на поранешните југословснки републики да се променат во државни граници. Но точната демаркација на текот на границата сепак сеуште не е утврдена, бидејќи владата и парламентот во Приштина, како и жителите на пограничните општини во Косово се спротвсавуваа на договорот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми