1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Договор за житото од Украина

ЕМФ / ртр
22 јули 2022

Русија и Украина, според наводи на Турција, денеска ќе потпишат договор за рестарт на извозот на жито од Украина преку Црното Море.

Symbolbild Ukraine Getreide
Фотографија: Dado Ruvic/REUTERS

Договорот би требало да се потпише во Анкара, а на потпишпувањето треба да присуствува и генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, се вели од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Детали за договорт сѐ уште не се познати. Пред околу една недела дипломати информираа дека, меѓу другото, се работи забезбедни коридори за украинските бродови со жито низ минираните пристаништа и за прекин на огнот за време на движењето на бродовите. Освен тоа, Турција би требало со поддршка на ОН да ги контролира товарните бродови за да ги отстрани сомнежите на Русија за шверц на оружје.

Украинското Министерство за надворешни работи вчера (21.07) соопшти дека станува збор за документ кој ги обврзува Русија и Украина да обезбедат сигурни рути во Црното Море. Украина, како што се додава, ќе даде своја согласност само доколку се гарантира безбедноста во јужните региони на Украина, „силните позиции“ на украинските воени сили на Црното Море и сигурен извоз на украинските земјоделски производи.

Украина е еден од најголемите извозници на жито во светот. Блокадата на украинските пристаништа од страна на Русија предизвика драстичен скок на цените на житото во светот и меѓународна криза со храна. Заглавени се десетици бродови, а околу 20 милиони тони жито во силосите на пристаништето во Одеса чекаат на извоз.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми