Палестинските организации Хамас и Фатах се договориле за меѓусебно помирување. Преговорите меѓу ривалските организации се водеа со посредство на Египет.
Реклама
Радикално-исламската палестинска организација Хамас најави одлучувачки пробив во помирувачките преговори со движењето Фатах, кое е поддржувано од Западот. Информацијата стигна од бирото на шефот на Хамас, Исмалил Ханија, но не содржи никакви детали околу спогодбата. Од страна на Фатах најавиваат во текот на денот да соопштат повеќе поединости на прес-конференција во Каиро.
Разговорите, кои беа водени со посредство на Египет, во фокусот ја имаа целта Појасот Газа, со кој владее Хамас, да биде ставен под контрола на палестинската влада на чело со Махмуд Абас. Абас владее во Западниот Брег, област окупирана од Израел. Меѓу двете палестински организации со децении владеат конфронтации и непријателства. Хамас пред десет години преку вооружена борба успеа да се наметне во Појасот Газа против умерениот Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Радикалниот Хамас, по Фатах, е најголемата палестинска организација, а од страна на САД и на ЕУ е квалификуван за терористичка група. Владата на Абас е меѓународно призната. Во септември Хамас најави дека ја кани владата на Абас да дојде во Појасот Газа и веднаш да ги преземе своите задачи. Во тоа време изјавата беше примена со скепса, зашто претходно пропаднаа бројни преговарачки обиди. Во Појасот Газа живеат околу два милиона луѓе. Посебно контроверзна тема останува иднината на вооруженото крило на Хамас, на кое припаѓаат околу 25.000 борци, а исламистите истакнаа дека по ова прашање не се спремни на никаков компромис.
Израелските населби на палестински територии
И покрај протестите и политичките предупредувања, израелскиот парламент донесе закон со кој се легализираат илегалните населби на палестинските територии. Критичарите велат дека тоа значи крај на решението „две држави“.
Фотографија: Reuters/B. Ratner
На палестинските територии има повеќе од 200 населби
Според податоците на организацијата за човекови права Бетселем, на Западниот брег и во Источен Ерусалим од 1967 до средината на 2013 година се изградени 125 официјални израелски населби и околу сто „диви населби“. Израелските власти, според Канцеларијата на ОН за хуманитарна помош (ОЦХА), за изградба на населби на палестински територии заплениле 35 проценти од површината на Источен Ерусалим.
Фотографија: Reuters/B. Ratner
Нема шанса за мир?
Во моментов еврејска населба се гради во Хар Хома, на Западниот брег, меѓу Ерусалим и Витлеем. Водечки претставници на Палестинците оценуваат дека израелската политика за градење населби го уништува решението „две држави“ и го спречува мирот со Палестинците. Изградбата на населбите на палестински територии е критикувана и во меѓународни рамки.
Фотографија: picture alliance/newscom/D. Hill
Израел конфискува палестински приватни имоти
Новиот закон за ретроактивно легализирање на станови на доселеници на Западниот брег и во Источен Ерусалим е спорен. Со него се погодени 16 населби. За еврејските доселеници да можат да останат каде што се, предвидена е финансиска отштета за Палестинците кои се сопственици на земјиштето.
Фотографија: Reuters/A. Awad
Уривање на Амона
Новиот израелски закон не важи за куќите на доселениците за кои веќе има судска одлука за уривање. Партијата на доселениците имаше намера со законот да спречи принудно расчистување на населбата Амона. Сепак, куќите на 40 семејства беа испразнети минатата недела, а само четири дена потоа се почна со уривање.
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Coex
Барикади и безредија
Одлуката на израелскиот Врховен суд за уривање на Амона беше донесена уште на крајот на 2014 година. Рокот беше повеќепати одлаган. Десните групи и доселениците до крај се обидуваа да спречат евакуација и уништување на местото. Многумина доаѓаа од други места специјално за да демонстрираат. И на спротивната страна имаше насилни протести на Палестинците.
Фотографија: Reuters/M. Torokman
Ескалација при принудното иселување
Жителите на Амона веруваат дека Западниот брег, окупиран од страна на Израел од 1967 година, е дел од територијата која Бог во Библијата му ја наменил на еврејскиот народ. На Западниот брег и во Источен Ерусалим живеат околу 600.000 Израелци. Меѓу доселениците и Палестинците постојано има судири.
Фотографија: Reuters/M. Torokman
Нов дом
На приватни имоти на Палестинци спротивно на законот се изградени околу 4000 станови. Тие треба или да бидат испразнети, или со новиот закон треба да бидат ретроактивно легализирани. Многу од жителите на Амона имаат нов дом во соседните населби, како овде, во Офра.
Фотографија: Reuters/B. Ratner
Принудно иселување во Офра
Но и во Офра има нелегални куќи. До 5 март тука треба да бидат испразнети девет куќи кои се изградени на приватен имот на Палестинци. Куќата мора да ја напушти и семејството Бен Шушан.