Наука
Доделена и Нобеловата награда за хемија
3 октомври 2018![Schweden Stockholm Gewinner des Chemie Nobelpreises](https://static.dw.com/image/45738006_800.webp)
Реклама
Тројцата научници се наградени за нивните откритија во областа на ензимите и белковините и методите кои придонесуваат за промоција на зелената хемиска индустрија, нови материјали и одржливи био-горива.
Оваа година Нобеловите лауреати од областа на хемија беа инспирирани од силата на еволуцијата и користеа исти принципи- генетски промени и селекција за да развијат протеини кои ги решаваат хемиските проблеми на човештвото, се наведува во образложението на Кралската академија.
На Френсис Арнолд ќе му припадне половина од наградата, која изнесува 9 милиони шведски круни, а другата половина ќе ја поделат Смит и Винтер. Наградата за хемија е трета по ред Нобелова награда доделена годинава. Претходно беа доделени награди за медицина и за физика.