Доделување на Алтернативната нобелова награда
7 декември 2012Алтернативната нобелова награда годинава, меѓу другите, оди во рацете на Сима Самар од Авганистан. Таа во 1989 година, под најтешки можни услови, ја отвори хуманитарната организација Шухада, која во Авганистан управува со лекарски ординации, болници и училишта.
Самар е наградена поради нејзиниот долгогодишен ангажман и „постојаната изложеност на ризик по живот“, како и за нејзината „храброст и решителност во еден од најнестабилните региони во светот“. Самар е позната како „лекарка на сиромашните“, која цел живот се залага за образование на луѓето кои живеат на општествените маргини, се залага за рамноправност на жените и за универзални човекови права.
Добитник на Алтернативната нобелова награда е и американскиот научник Џин Шарп, за неговите студии во врска со пружањето ненасилен отпор, како и британската кампања ЦААТ за „нејзиниот ефективен и иновативен отпор против трговијата со оружје“. Алтернативната нобелова награда се доделува од 1980 година независно од традиционалните Нобелови награди.