1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Додик црта нови карти на Балканот

20 ноември 2017

Во интервју за ДВ, претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека БиХ нема да опстане како држава во ниту еден облик. Прашан за иднината на регионот, Додик нацрта нова карта...

Präsident der Republika Srpska Milorad Dodik
Фотографија: DW

Милорад Додик тврди дека БиХ е „пропадната држава“ и дека Србите во неа не се „без алтернатива“. „Ние не сме авантуристи како што многумина не претставуваат. Не сме ниту приглупи националисти. Јас разбирам дека за остварување на таквите елементи мора да се создаде политичка рамка и политичко опкружување, да се направи доволен квантум на пракса во опкружувањето и во Европа и секако, тоа да биде барем делумно прифатена работа“, рече Додик додавајќи дека работи на „создавање на тоа политичко опкружување“.

Додик црта нови карти на Балканот

01:50

This browser does not support the video element.

Додик вели дека на Србите им одговара Дејтонскиот договор онака како што е напишан, а не онака како што е изменет. „Вонуставна Босна нам не ни одговара, уставна Босна ни одговара. Но, тоа никој не сака да го слушне“.

Претседателот на РС ги доведува во директна врска независноста на Косово со независноста на Република Српска. „Не сум против независноста на Косово. Јас сум за разговор меѓу Белград и тоа (Косово, н.з.) и ако Белград така одлучи јас немам ништо против, но тогаш моето следно прашање е зошто да не може и Република Српска. Доколку постојат права за едните, тогаш мора да постојат права и за другите“. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми