1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ратко Младиќ ќе се жали на пресудата

ЖА
22 ноември 2017

По пресудата - доживотен затвор поради геноцид и воени злосторства, која му ја изрече Хашкиот трибунал, босанско српскиот екс-генерал Ратко Младиќ најави вложување жалба.

Bosnien und Herzegowina Frensehübertragung Urteil Ratko Mladic
Фотографија: Reuters/D. Ruvic

По повеќе од две децении од крајот на босанската војна, Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија денеска му изрече казна доживотен затвор на босанско српскиот екс-генерал Ратко Младиќ поради геноцид, воени и злосторства против човештвото. Судиите го прогласија Ратко Младиќ виновен за геноцидот во Сребреница во 1995. година и за други злосторства за време на босанската војна (1992-1995), во која беа убиени околу 100.000 луѓе, а преку два милиона луѓе принудени на бегство.

„Оваа пресуда е неправедна и спротивна на фактите“, изјави синот на Ратко Младиќ, Дарко Младиќ денеска во Ден Хаг. Тој најави дека неговиот татко ќе вложи жалба „за да ја докаже погрешноста на пресудата.“ „Денеска правдата беше заменета со воена пропаганда“, оцени тој.

Највисока казна за „балканскиот касап“

01:10

This browser does not support the video element.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми