1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Доказ за вакцинација или ПЦР тест и за излез од државата

31 август 2021

На македонските и странските државјани од утре и при излез од земјата ќе им биде потребен доказ дека примиле вакцина, дека го прележале вирусот или негативен ПЦР тест.

Nord-Mazedonien Tabanovce | Grenzübergang nach Serbien
Фотографија: Tomislav Georgiev/Xinhua/imago images

Еден ден откако ЕУ ја тргна Северна Македонија од листата на безбедни земји за патување, Владата во вторникот одлучи да ги заостри мерките за спречување на проширувањето на вирусот.

Па така, веќе од среда 1 септември домашните и странски државјани и за излез од територијата на Република Северна Македонија на граничните премини ќе мора да приложат:

- Сертификат/потврда за извршена целосна имунизација (вакцинација) од коронавирусот, или

- Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или

- Медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред излез од територијата на земјата, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата. 

Препорака од ЕУ 

ЕУ им препорача на земјите-членки да воведат рестрикции за патување од Северна Македонија поради напливот на новозаразени со коронавирус последните недели. 

Горната граница за една држава да се најде на „зелената листа“ за патување е 75 случаи на 100.000 жители во последните 14 дена. 

Во Северна Македонија инциденцата на новозаразени во последните седум дена надминуваше 470 луѓе на 100.000 жители, а претходната недела беше дури и повисока. 

Во неколку европски земји, како Швајцарија и Австрија, деновиве се појавија информации за голем број новозаразени граѓани по потекло од С. Македонија и Косово кои престојувале во татковината за време на летните одмори.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми