Во Етиопија, Тедрос Аданом Гебрејсус го реформираше здравствениот систем и многумина го оценија тоа како голем успех.Но, шефот на СЗО не е без контроверзи - а пандемијата на коронавирусот е неговиот најголем тест досега.
Реклама
Кој ги читал интервјуата со Тедрос Аданом Габрејесус, веројатно ја знае и оваа приказна: Дека на седумгодишна возраст мораше да ја доживее смртта на неговиот две години помлад брат, кој починал од болест која во земја со функционален здравствен систем можела да се излечи. Но, во неговата родна земја Етиопија, во тоа време такво нешто немало.
Тој не сакал да прифати дека некој мора да умре „само затоа што бил сиромашен“, како што во тоа време било и неговото семејство - вака генералниот директор на СЗО често ја објаснува својата заложба за подобра здравствена заштита. Смртта на неговиот брат до ден денес претставува мотив за неговата работа.
Здравствени реформи во Етиопија
Денес 55-годишниот Тедрос зад себе има долга кариера како здравствен експерт. Студирал заразни болести во Велика Британија во 1990-тите и докторирал во областа на јавното здравство. Помеѓу 2005 и 2012 година, како министер за здравство на Етиопија, му беше дадена можност да го реформира здравствениот систем на земјата.
За време на овие седум години, во Етиопија беа создадени илјадници нови здравствени центри, беа ангажирани десетици илјади помошници за нега во руралните области, а за прв пат беше воведено и здравствено осигурување. Бројот на медицински факултети се искачи од три на 33, бројот на лекари повремено растеше експоненцијално. Стапката на смртност од болести како што се туберкулоза, маларија и СИДА се намали за 90 проценти.
Исто така, се верува дека Тедрос одиграл клучна улога во подобрувањето на здравјето на мајките и на децата, за што се обврзал уште од 2009 година. Од 2012 до 2016 година, тој беше и министер за надворешни работи на Етиопија.
Упатства: Како да се заштитите од коронавирус
Луѓето ширум светот ставаат заштитни маски за дишење за да спречат вирусна инфекција. Сепак, други мерки се поефикасни. Еве неколку совети засновани на упатствата на СЗО.
Фотографија: Getty Images/X. Chu
Подобро од ништо
Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.
Фотографија: Getty Images/Stringer
Дезинфицирајте ги рацете
Во својот список на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице. На врвот е често миењето на рацете. СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол, како на фотографијата, кои најчесто ги гледаме во болниците
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pilick
И сапун и вода ќе завршат работа
Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Но, проверете дали темелно ги миете рацете...
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Кашлање и кивање - но направете го тоа правилно!
Еве што препорачуваат лекарите: Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Или користете книжни марамчиња - но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете. А кошулата или џемперот? Не, нив не мора да ги фрлите. Но, перете ги често или однесете ги на хемиско чистење.
Фотографија: Fotolia/Brenda Carson
Стојте подалеку!
Друга препорака која можеби не функционира за сите: Избегнувајте близок контакт со секој кој има треска и кашлица! Ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.
Фотографија: picture alliance/empics
Имате треска? Одете на лекар, а не на патување!
Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош навреме. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите. И, исто така, објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте патувале.
Фотографија: Reuters/P. Mikheyev
Избегнувајте контакт!
При посета на сточни и зелени пазари во области во кои во моментот има случаи на новиот коронавирус, избегнувајте директен незаштитен контакт со живи животни. Тоа исто така вклучува какви било површини кои се во контакт со животни.
Фотографија: DW
Добро термички обработено - не сурово!
Варете,печете и пржете го месото темелно. Потребно е да се избегне конзумирање на сурови, недоволно термички обработени производи од животинско потекло. Со суровото месо, млекото или животинските органи треба да се постапува внимателно за да се избегне инфицирање од термички необработена храна. Овие се добри практики за безбедност на храната и помагаат да се спречи ширењето на болести.
Фотографија: picture-alliance/Ch. Mohr
8 фотографии1 | 8
Контроверзата со колерата
Но, не сите негови сонародници гледаат позитивно на министерскиот мандат на Тедрос во здравствениот сектор. Токму за односот кон епидемиите на, поранешниот министер за здравство до денес е соочен со тешки обвинувања. За него се вели дека ја минимизирал опасноста од неколку појави на колера во земјата меѓу 2006 и 2011 година, а со тоа ги одложил неопходните контрамерки. Лудгер Шадомски, кој како шеф на редакцијата на етиопски јазик во Дојче веле го следеше мандатот на тогашниот министер за здравство, се присетува: „Во нашите интервјуа со етиопските здравствени власти, во негово време секогаш се говореше за’ водена дијареја', иако врз основа на клиничките сознанија со сигурност можеше да се говори за колера“.
Поточно, припадниците на Амхарен и Оромо, кои ги сочинуваат двете најголеми етнички групи во Етиопија и кои беа најпогодени од појавата на колера за време на мандатот на Тедрос, гласно протестираа кога тој беше назначен за генерален директор на Светската здравстена организација во 2017 година. Тедрос му припаѓа на етничкото малцинство Тигре, кое, иако сочинува само околу шест проценти од етиопското население, долго време доминираше во политиката во земјата.
Активистот за човекови права Касахун Адефрис тогаш за ДВ рече дека е загрижен поради назначувањето на Тедрос: „Додека тој беше министер за здравство, многу луѓе во Етиопија ги загубија животите затоа што тој ги прикриваше епидемиите на колера“, рече Адефрис. „Од моја гледна точка, под голем знак прашалник е да се предложи некој за оваа позиција што направил такви грешки“..
Реформските планови на Тедрос
Конечно, изборот на Тедрос се должеше на големата поддршка која ја доби од делегатите на 55-те африкански земји-членки на ОН. Во тоа време, и на социјалните медиуми доминираше радост поради тоа што Африканец за прв пат беше избран за шеф на СЗО.
Експертите говорат за првични успеси на Тедрос во некои од неговите клучни реформски проекти. Така СЗО во меѓувреме, според нив, реагира побрзо и посеопфатно на здравствените кризи - за разлика од реакцијата на епидемијата на ебола во 2013/14 во Западна Африка. Токму тоа беше причината зошто СЗО, предводена од неговата претходничка, Кинеската Маргарет Чан, беше цел на масовни критики.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance
9 фотографии1 | 9
Конфликт со САД
Сепак, критичарите го обвинуваат Тедрос дека во актуелната пандемија на коронавирусот поради обѕири кон кинеската влада не реагирал доволно енергично на почетокот на појавата на заразата. Со ова образложение, американскиот претседател Доналд Трамп дури и ги запре исплатите на неговата земја за СЗО. Неспорно е дека Тедрос во времете како етиопски функционер, посебно како министер за надворешни работи од 2012 до 2016 година остваруваше блиски контакти со политичкото раководство на Народна Република Кина, а Адис Абаба до денес е близок стратешки партнер на Пекинг.
Конфликтот со американскиот претседател меѓутоа веќе подолго време го придружува шефот на СЗО, Тедрос. Во 2017 година, долго пред да започне пандемијата на коронавирусот, Трамп се закани дека ќе ги намали американските уплати за СЗО. Дури и пред да ја преземе функцијата, Тедрос изјави дека сака да ја прошири донаторската база за да се избегнат финансиски шокови: „Ако што повеќе држави придонесуваат, без разлика во колкава сума, тоа би помогнало“, рече тогаш Тедрос.