1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Долготрајни страдања на пациентите со Ковид-19

ЖА / агенции
14 јули 2020

Се множат извештаи за пациенти кои се фактички излекувани од коронавирус, но не се целосно здрави. Студија од Италија потврдува дека често различни симптоми се присутни со недели потоа.

Italien Intensivstation des Krankenhauses Papa Giovanni XXIII in Bergamo
Фотографија: Reuters/F. Lo Scalzo

Акутната инфекција одамна е помината, но остануваат тегоби како истоштеност, отежнато дишење или губење на чувството за мирис – за луѓето кои преживеале заболување од Ковид, не значи автоматски дека се ослободиле и од маките поврзани со болеста.

Има зачудувачки примери, како оној на 30-годишен претходно сосема здрав млад човек, Симон, кај кого по прележаната инфекција со коронавирус и при најмали движења срцето започнува да работи забрзано. Тој веќе не може да работи, се преселил повторно кај своите родители, зашто сам не може да се пробива низ секојдневието.

Колку често остануваат здравствени тегоби по заболувањето од Ковид-19? И кои се симптомите? Италијанските лекари испитале 140 луѓе, кои поради коронавирус морале да бидат лекувани во болница. Во просек тие биле стари 56 години, најголем дел од нив за време на болничкиот престој имале запаление на белите дробови, 12 проценти биле на лекарски третман во интензивно одделение.

Повеќе:

Тешки мозочни оштетувања се можни дури и при лесни корона-симптоми

Коронавирус: Тешко се докажува постоење антитела

Листата на симптоми на коронавирусот непрекинато се шири

Коронавирус: новите симптоми и четирите фази на заболување

Лекарите ги анкетирале овие пациенти во просек 60 дена по појавата на први симптоми на коронавирус, а во моментот на испрашувањето веќе 30 дена биле надвор од болница, без температура и други знаци на акутна инфекција. Во студијата, која е објавена во стручниот магазин „Jama", стои дека само 13 проценти од анкетирани пациенти немале никакви проблеми. Една третина се пожалиле на еден или два симптоми, а преку половината на најмалку три тегоби.

Околу 53% од пациентите страдале од исцрпеност, 43% изјавиле дека имаат проблеми со дишење, 27% страдале од болки во зглобовите, а 22% од болки во градниот кош. Околу 15% од пациентите се жалеле на постојана кашлица и загуба на чувството за мирис.

Не е чудо што со оглед на ваквите трајни симптоми, 44% изјавиле дека квалитетот на нивниот живот по болеста се влошил.

Лекарскиот тим предводен од Анџело Карфи од Униклиниката Џемели во Рим забележува дека доцните последици можат да се јавуваат и по запаленија на белите дробови кои не се предизвикани од Ковид-19.

Лекарите сметаат дека вирусните инфекции во одделни случаи можат да предизвикаат т.н. синдром на хронична истоштеност, каде погрешно насочениот имунолошки одговор на организмот води до постојана исцрпеност, континуирани болки, проблеми со концентрацијата и други тегоби. Можно е оваа болест да се појави и како компликација по инфекција со Сарс-КоВ- инфекција.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми