Доналд Трамп верува во „потенцијалот на жените“
26 април 2017Целта на дводневниот самит W20 Берлин е разгледување на можностите за подобрување на економската состојба на жените, за создавање на повеќе шанси за жените на пазарите на труд како и зајакнување на нивната улога како претприемачки. „Women20 Summit“ е организиран во рамките на германското претседателствување со Г20. Во текот на првиот ден на самитот на подиумска дискусија покрај канцеларката Меркел учествуваа и ќерката и советничка на емриканскиот претседател Иванка Трамп, шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, како и холандската кралица Максима.
Најголемо внимание во јавноста предизвика „Првата ќерка“ на САД, на која ова и беше прв официјален меѓународен настап во улога на советник на американскиот претседател а посебно впечатлива за медиумите беа нејзините изјави на дискусијата со кои таа го бранеше односот на Доналд Трамп кон жените.
Иванка Трамп изјави дека нејзиниот татко во својот приватен бизнис во изминатите неколку децении вработувал и соработувал со илјадници жени, кои можат да посведочат дека тој е цврсто уверен во нивнта способност работите да ги извршуваат еднакво добро како и кој било маж. За време на панел дискусијата за правата на жените, пофалните зборови на Иванка за Доналд Трамп често наидуваа на негодување кај присутните, но „Првата ќерка“ оцени дека сите обвинувања против нејзиниот татко се исконструирани.
Таа порача дека како советничка на претседателот на САД ќе работи на зајакнување на улогата на жените во стопанството во САД но и пошироко.
Учеството на Уванка Трамп на самитот W20 предизвика шпекулации дека Меркел се обидува преку ќерката да оствари поголемо влијание врз американскиот претседател. Додека Иванка Трамп се интересира за потпомагањето на жените во работниот свет и за семејните прашања, нејзиниот татко, во прв ред за време на предизборната кампања, повеќепати даде понижувачки и непристојни коментари за жените.