Судејќи според последните најави, Доналд Трамп планира заканите за слободната трговија од изборната кампања да ги преточи во дела. Но токму во ваквиот развој се кријат и шанси, смета Хенрик Беме.
Реклама
Кога деновиве, сѐ едно каде во светот, се среќаават шефови на држави или на влади, секогаш во фокусот е еден човек, кој воопшто не е присутен на средбите (засега): Доналд Трамп кој во јануари ќе стапи на функцијата 45. претседател на Соединетите Американски Држави. И притоа не недостасуваат совети за милијардерот. Така беше и на викендот, на самитот на Азиско-пацифичката економска заедница (АПЕК) во Лима.
Таму домаќинот, претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински го предупреди новоизбраниот претседател на САД од изолација на пазарите и се заложи за слободна трговија. Но сите во неговата земја не го мислат истото. Имено, во средината на минатата недела имаше насилни протести против договорот за слободна трговија ТПП. Овој во меѓувреме усвоен договор за „Транспацифичко партнерство“, меѓу другото мора да биде уште усвоен од парламентот во Лима. Критичарите го оспоруваат тоа, и поради фактот дека за договорот се преговараше зад затворени врати. Токму такви тонови можат да се чујат и во Европа, кога станува збор за договорот за слободна трговија кој имаат намера да го склучат ЕУ и САД: ТТИП.
Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха
Карикатуристи од целиот свет реагираат на победата на Трамп
Фотографија: L. Gäbel
Сексуален напад
Карикатурата на хамбуршкиот уметник Ленарт Гебел го обиколи светот за кратко време. Една агенција од Лос Анџелес поажа интерес за печатење на неговото дело на маици. Уметникот е среќен поради успехот и е сигурен дека и во иднина Трамп „ќе си дозволи“ одредени работи кои ќе послужат како мотив за него и останатите колеги од целиот свет.
Фотографија: L. Gäbel
Фризура број еден
Косата на следниот претседател на САД беше инспирација за многу шеги. Пред неколку месеци во јавноста излезе видео на кое е прикажана „фармата на Трамп“ за перики. Всушност, стануваше збор за поле со сено во Норвешка. Косата на Трамп исто така добро стои и на кокпитот на претседателскиот авион.
Фотографија: Twitter/@Knightcartoons
Африканска перспектива
„Имајќи ја предвид омразата на Доналд Трамп кон црнците ќе ја напуштиме земјата. Тој може да прави што сака со неа“ вели оваа карикатура од Абдулкарим Баба Амину, познат културен критичар, новинар и илустратор од Нигерија.
Фотографија: DW/Abdulkareem Baba Aminu
Дамата Слобода чука на вратата на Канада
Во паника и со загрижен поглед во очите, „Дамата Слобода“ чука на вратата на соседот - Канада. Карикатуристот Угрек ја црташе симбиличната фигура во многу различни анти Трамп карикатури.
Фотографија: Twitter/@ygreck
Без религиски бариери
Карикатуристот Гадо е еден од најпознатите илустратори во Африка. Тој во својата карикатура се осврнува на едно од ветувањата на Трамп во предизборната кампања кое гласеше: „Ветувам дека ќе го зачувам христијанството“. На карикатурата е прикажано како тој распнува муслиман на крст.
Секој може да биде претседател
Белгискиот артист Лектр креираше многу различни карикатури за Трамп. Оваа покажува дека за 8 години, идејата дека „Секој може да биде претседател“ се смени од оптимистичка мисла во причина за очај кај многумина.
Фотографија: Twitter/@lectrr
Агресивни графити
Погрдно претставување на Трамп веќе може да се забележи во Барселона. Шпанија, исто така, беше шокирана од неочекувааниот успех на републиканскиот кандидат „Невидената популарност и избирањето на њујоршкиот магнат ја остави половина планета без зборови“, напиша колумнист за шпанскиот весник Еј Пај.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Lago
Куп од измет
Куп од измет околу кој кружат муви. На овој начин уличниот уметник Хенски го доживеа претседателскиот кандидат Донaлд Трамп уште пред да биде номиниран од републиканците. „Портретот“ од август 2015 година беше исцртан на ѕид од еден познат трговски центар во Њујорк.
Фотографија: picture-alliance/abaca/Van Tine Dennis
8 фотографии1 | 8
За сите противници на ваквите договори сега на повидок се подобри времиња. Имено, Доналд Трамп за време на неговата изборна кампања не се замори во повторувањето на неговата позиција. Слободната трговија за него „како академска приредба е благородна работа“, но во реалноста се одвива „трговска војна со Кина“. За соодветниот договор со Канада и Мексико (НАФТА) мора одново да се преговара, ТПП да се раскине , а со ТТИП воопшто да не се почне. И бидејќи Кинезите (и Мексиканците) и онака се виновни за сета беда, тие ќе бидат казнети со драстични царини.
Противници на глобализацијата од целиот свет, обединете се - зад овој човек!
За жал, работата не е толку едноставна
Со ред. Дури и Доналд Трамп не може од денеска до утре да прогласи крај на глобализацијата и расплеткување на светската трговија. Протекционизмот и изолационизмот ќе го турнат светот во длабока рецесија. И неговите советници некогаш ќе му потшепнат дека казнените царини - да речеме од 35 насто - на увозот од Кина, значително ќе ги поскапат соодветните производи. Кој ќе биде најмногу погоден? Точно, луѓето, кои нема да можат да си ги дозволат скапите производи. Неговите советници веројатно исто така ќе му кажат и дека ТПП е договор за слободна трговија на кој се гледа како на противтежа на доминантната кинеска трговска политика, зашто Кина не учествува во ТПП. Ако ТПП не стапи во сила, Кинезите од своја страна би можеле да се обидат да го форсираат сопствениот договор наречен РЦЕП, кој е планиран без учество на САД. И оној кој, како Трамп, сака да ги зголеми царините, неминовно мора да излезе од заедницата АПЕК, зашто нејзина декларирана цел е укинување на царините и останатите трговски бариери.
Колку е светот комплициран
Самиот одговор на прашањето, дали слободната трговија односно глобализацијата е одговорна за загубата на работни места во индустриски развиените држави никогаш не гласи да или не. Кога евтин челик веќе не се произведува во Дуизбург или во Питсбург, туку некаде во Кина, работниците во Дуизбург или Питсбург ги губат работните места. Но задача е на владите на луѓето да им понудат перспектива за иднината, преку наобразба, квалификација, смислена структурна промена. Не е слободната трговија таа која го менува работниот свет, туку технолошките промени. Сѐ повеќе работни места се префрлуваат од индустријата во услужниот сектор. (Во Германија овој тренд на деиндустријализација всушност не е толку силен, а другите, како Британците на пример, го препознаа тоа и во меѓувреме говорат за ренесанса на индустријата).
Но бидејќи сега кружи страв од противникот на слободната трговија Трамп и бидејќи доколку неговите планови би биле спроведени во дела, светот прво би го турнале во трговска војна, а потоа во пропаст, еве еден поинаков план за новиот човек во Белата Куќа. Доста е од сите билатерални и регионални договори за слободна трговија (тоа му се допаѓа на Доналд Трамп). Зашто ваквите договори, сеедно дали се нарекуваат ТПП, ТТИП, НАФТА, имаат едно нешто заедничко: тие секогаш ги дискриминираат оние кои не се вклучени во нив. ТПП на пример Кинезите, РЦЕП на пример Американците. А сите заедно Африканците. Она што е потребно е светски договор за слободна трговија. И за тоа надлежната Светска трговска организација еднаш речиси постигна еден таков светски договор. Но од тоа не излезе ништо меѓу другото и поради тоа што приврзеникот на слободната трговија Барак Обама не се заложи вистински за тоа.
Значи, господине новоизбран претседателе, што велите за тоа? Можеби нема да биде доволно за Нобелова награда за мир, ама за нови работни места во САД во секој случај. А токму тоа е она што им го ветивте на вашите сонародници.
Трамп: популист, могул, претседател
Тој е градежен претприемач, бестселер-автор, ТВ-ѕвезда, а сега и 45-ти претседател на САД. Во Трамп многумина гледаа комична фигура, но тој сега се вселува во Белата куќа.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Семејството, империјата
Во кругот на најмилите: Доналд Трамп со сопругата Меланија, ќерките Иванка и Тифани, неговите синови Ерик и Доналд јуниор, како и внуците Кај и Доналд јуниор III. Трите деца работат како заменици во „Империјата Трамп“.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Неговиот татко: Фредерик јуниор
Почетниот капитал за своите бизниси Трамп го добил од својот татко Фредерик. Тој на почеток му подарил еден милион долари, а по смртта во 1999 на Доналд и неговите три останати деца им оставил во наследство имот од 400 милиони долари.
Фотографија: imago/ZUMA Press
Милијарди заработени со помош на марката Трамп
Трамп инвестира агресивно, постојано доживува неуспеси, но долгорочно има успешен биланс, на пример со Кулата Трамп во Њујорк. Својот имот Трамп денес го проценува на десет милијарди долари. Експертите сметаат дека пореална е третина од оваа сума.
Фотографија: Getty Images/D. Angerer
„Многу добар, многу паметен“
Тао го вели Трамп самиот за себе, додавајќи дека студирал на елитниот универзитет Вортон во Филаделфија, каде се стекнал со бечелор-диплома во 1968. година.
Претходно неговиот татко го испратил 13-годишниот Доналд во воен интернат во Корнвол за да учи диспциплина. На крајот на школувањето се стекнал дури и со офицерски чин.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/
Со коскен шилец избегнат ангажман во Виетнам
Трамп меѓутоа успеал да избегне учество во војната во Виетнам. Спортскиот млад човек бил прогласен за неспособен за војска поради коскен шилец во петицата.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo
Првата сопруга: Ивана
Во 1977 година Трамп се ожени со чешката манекенка Ивана Зелничкова. Три деца се родени во бракот кој постојано беше во сенка на гласините за различни афери.
Фотографија: Getty Images/AFP/Swerzey
Семејство број два
Во 1990 година Трамп се разведе од Ивана и се ожени со својата втора сопруга, 17 години помладата Марла. Заедничката ќерка се вика Тифани.
Трамп не се покажуваше радо во јавноста само со својата жена, туку милуваше да се фотографира опкружен со „мисици“ од различни избори на убавици. Од 1996 до 2015 година тој беше главниот спонзор на изборот за Мис универзум во САД.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Lemm
Како се прават пари
Како брзо да се заработат милиони? Книгата на Трамп „Начинот на склучување зделки“ дава упатства, таа е делумно автобиографска, делумно советник за амбициозни бизнисмени. Ова дело на Трамп не само што стана бестселер, туку и го стави авторот во фокусот на вниманието на јавноста.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Schwalm
Трамп во политиката
Трамп настапуваше во свое ТВ-шоу, се појавуваше пред камери, но со политика не се занимаваше. Но, на 16 јуни 2015 година најави учество во трката за избор на републикански претседателски кандидат. Неговиот слоган е „Да ја направиме Америка повторно голема“. Кампањата ја водеше со настапи со семејството и со навреди кон доселениците, муслиманите, жените и своите конкуренти.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Lane
Функција со достоинство
Дали популистот и шоумен сега ќе се претвори во предводник на слободниот свет?Многумина тоа не можат да си го замислат. Но, животниот пат на Доналд Трамп покажува: овој човек располага со преобразувачка способност на камелеон.