Околу Денот на независноста, бројот на инфицирани со корнавирус во САД достигнува нови рекорди. Незадоволството од претседателот Доналд Трамп расте, но тој е политички уметник во преживување,смета Оливер Залет.
Реклама
Од каде да се почне? Не остана многу од сјајот на поранешната водечка нација на слободниот свет: слободата на печатот е на удар. Демократија под притисок. Пандемија со која подобро можеше да се справи, само ако се сакаше. Згора тоа, безредија по смртта на еден црнец во полициско насилство ширум земјата - и претседател кој провоцира и подбуцнува наместо да се помирува и обединува.
Популарноста на Доналд Трамп во анкетите стрмоглаво паѓа, а тој и го заслужува тоа. Затоа што одговорноста за тоа ја сноси само тој. За првпат во претседателствувањето на Трамп тој навистина трпи штети поради своите непостојани политики. Па сепак: Доналд Трамп е политички уметник во преживување, а изборите се далеку од завршени.
Џо Бајден не е Хилари Клинтон
Повеќето анкети во моментот ја одредувааат неговата популарност кај гласачите на околу 40 проценти. Овој, уште од почетокот на мандатот непопуларен, претседател е уште понепопуларен од кога било претходно. Но, внимавајте: Трамп заостануваше исто толку значително и зад Хилари Клинтон. На крајот, доволна беше теоријата на заговор околу аферата со електронската пошта на Клинтон за да се сврти тркалото.
Едно е јасно: 2016 година не е 2020 година и противникот на Доналд Трамп овојпат не се вика Хилари Клинтон, туку Џо Бајден. А тој важи за поприфатлив за широката маса на гласачи, отколку за многумина омразената поранешна сенаторка од Њуујорк. Но, Бајден исто така има големи проблеми во багажот - негов најголем противник си е тој самиот.
Во тековната изборна кампања нему главно му растеше поддршката не правејќи ништо - согласно мотото: Најдобро е да не се вознемирува Доналд Трамп за време на неговото самодемонтирање. Со недели не се гледаше речиси ништо од Џо Бајден, освен некои видео-пораки од домашниот подрум во американската сојузна држава Делавер.
Дали Бајден е дораснат на задачата?
Но, колку е поблизу денот на изборите, толку повеќе расте притисокот врз 78-годишниот политичар конечно да излезе од подрумот на дневна светлина. Иако пандемијата беше добар изговор за потонување, сепак овој пасивен стил на кампања веќе нема да биде доволен во наредните недели. А со настапите на голема сцена во кампањата, ќе се вратат и испадите и киксовите на Џо Бајден, кои дури и кај добронамерниците предизвикуваат нешто помеѓу сожалување и срам.
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Шефот на Белата куќа има најголема моќ во светската политика – барем така се верува. Но, дали е навистина така? Овластувањата на претседателот на САД се ограничени. И други актери играат важна улога.
Фотографија: Klaus Aßmann
Така вели Уставот...
Претседателскиот мандат во САД трае четири години, а претседателот може да биде реизбран само еднаш. Тој е шеф на државата и шеф на владата, односно управува со извршната власт. Задача на претседателот е да ги спроведува законите изгласани од Конгресот. Претседателот како највисок дипломат може да прима странски амбасадори и на тој начин да признава држави.
Фотографија: Klaus Aßmann
Кој кого контролира?
Трите власти - законодавната, извршната и судската - се поделени и се контролираат меѓусебно. Претседателот има право да помилува осуденици и да ги назначува федералните судии, министрите во кабинетите и амбасадорите на САД - но само со согласност на Сенатот. Ова е еден од механизмите со кои законодавната власт ги контролира активностите на извршната власт.
Фотографија: Klaus Aßmann
„State of the Union“
Американскиот претседател е должен редовно да го информира Конгресот за состојбата на државата. Тоа го прави ова во годишниот „говор за состојбата на нацијата“ („State of the Union“). Претседателот нема право да предлага закони на Конгресот, но за време на говорот може да наведе своите теми и приоритети. Со тоа тој може јавно да врши притисок врз Конгресот. Но, ништо повеќе од тоа.
Фотографија: Klaus Aßmann
Претседателско вето
Претседателот може да одбие да потпише закон донесен од Конгресот и тоа всушност неговото право на вето. Конгресот може да го отфрли претседателското вето само доколку обезбеди двотретинско мнозинство во двата дома на парламентот. Во историјата на САД се познати 1.500 случаи на претседателски вета. Од нив, само 111 (7%), биле успешно надгласани.
Фотографија: Klaus Aßmann
Сива зона
Уставот на САД и одлуките на Врховниот суд не даваат јасна слика за тоа колкава моќ има претседателот. Всушност, претседателот има право на уште еден вид вето, познато како "џебно вето". Под одредени услови, претседателот може одреден закон да со „стави во торба“ и со тоа тој станува неважечки. Овој тип на вето не може да биде надгласано во Конгресот. Овој трик бил користен скоро 1.000 пати.
Фотографија: Klaus Aßmann
Наредби со сила на закон
Претседателот на САД на членовите на владата може да им наметне одреден начин на однесување. Тој издава препораки, т.н „извршни наредби“ (Executive Orders), имаат сила на закон. Сепак, тоа не значи дека на претседателот сè му е дозволено: судовите можат да ги поништат наредбите, Конгресот - да ги сопре со соодветни контра закони, а следниот претседател може да ги укине.
Фотографија: Klaus Aßmann
Конгрес...
Претседателот има право да склучува договори со странски влади, кои потоа треба да бидат одобрени со мнозинство во Сенатот. Ова може да се избегне, ако наместо договор претседателот склучи еден вид меѓувладин договор т.е. „извршен договор“ (Executive Agreement). Ваквите договори се валидни се додека Конгресот не ги оспори или не ги укине со закон.
Фотографија: Klaus Aßmann
Кој може да објави војна?
Претседателот е врховен командант на вооружените сили на САД, но војна може да објавува само Конгресот. Сепак не е многу јасно колку војска смее да испраќа претседателот во вооружените конфликти без одобрение на Конгресот. По војната во Виетнам, Конгресот го усвои следново правило: претседателот може да ги користи надлежностите се додека Конгресот не ги оспори.
Фотографија: Klaus Aßmann
Ултимативна контрола
Ако претседателот ги надмине или злоупотреби овластувањата или изврши кривично дело, Претставничкиот дом, против него може да отпочне процедура за отстранување од должноста. Досега имало два такви обиди, но и двата завршиле несупешно. Сепак, постои многу ефикасен инструмент за да се сопре претседателското самоволие: тоа намалувањето на буџетот – што е во надлежност на Конгресот.
Фотографија: Klaus Aßmann
9 фотографии1 | 9
Џо Бајден, пред избувнувањето на пандемијата во многу настапи делуваше во најдобар случај неагилно, а во најлош - сенилно и како повеќе да не е дораснат на задачата.
Адутот на Трамп: ТВ-дуелите
А тука се и жените кои го обвинуваат за наметливо однесување, во еден случај дури и за сексуална принуда. Дали тој е навистина најдобриот кандидат што демократите имаат да го понудат? Дали тој навистина има морална супериорност над Доналд Трамп?
Предизборната машинерија на Трамп веќе сега се загрева со реклами на ТВ и на социјалните медиуми во важните сојузни држави, кои се сметаат за неизвесни, кога станува збор за изборниот исход.
Знаете ли се за Доналд Трамп и Хилари Клинтон?
Мислите дека знаете сè што може да се знае за претседателските кандидати Доналд Трамп и Хилари Клинтон? Прочитајте малку познати факти кои може да ве изненадат...
Фотографија: picture-lliance/dpa
Зад јавната личност
Претседателските кандидати конечно пристигнуваат до крајот на трката која се чини дека трае цела вечност. Лицата на Доналд Трамп и Хилари Клинтон беа сеприсутни повеќе од една година, но и двајцата имаат голем број на необични карактеристики кои не допираат до јавноста.
Фотографија: DW/M. Santos
Конзервативната Хилари
Хилари Клинтон израснала во конзервативно семејство во Илиноис. Нејзиниот татко изработувал украсни завеси, а како млада жена таа била републиканка која ги поддржувала Бери Голдватер и Ричард Никсон. Дури подоцна таа станува демократ.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Ron Sachs
Доналд - критичар на политичарите
За Доналд Трамп, во минатото не беше лесно да се каже која или дали воопшто поддржува некоја партија. Во минатото тој поддржуваше кандидати на Демократската партија, меѓу кои беа Бил и Хилари Клинтон, а некои од неговите изјави во тоа време беа исклучително либерални. Тој многу доцна во својот живот го најде својот пат до Републиканската партија – на неверување на голем дел од нејзините членови.
Фотографија: Getty Images/AFP/T. A. Clary
Недоволно импресионирана од Бил
Славата на Хилари Клинтон првично се должеше на фактот дека е сопруга на претседателот на САД. Но, кога Бил прв пат ја побарал за жена, таа рекла не. Тој морал да ја бара нејзината рака неколку пати додека таа не се согласи да биде негова сопруга.
Фотографија: picture-alliance/AP/Greg Gibson
Воајерот на изборите за убавина
Од 1996 до 2015 година Трамп поседувал дел од натпреварите за убавина: Мис Универзум, Мис на САД и Мис на САД за тинејџери. Во тоа време, тој повремено ги посетувал гардеробите зад сцената каде убавиците се преоблекувале, за да се увери дека „се е во ред“. Токму на тоа може да се должи изразот на Мис Калифорнија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Lane
Првата жена член на одборот на директори на Вол Март
Клинтон беше првата жена што некогаш седнала во бордот на директори на американскиот ланец на супермаркети Вол Март. Компанијата, најблаго кажано, не е позната по тоа што е пријателска работна средина. Години подоцна, Хилари ја потпишуваше автобиографијата во една од продавниците на Вол Март - каде што вработените не можат да си дозволат да купат копија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Jim Lo Scalzo
Дополнителен, но профитабилен бизнис
Иако кариерата ја започна со недвижности, Трамп се појавуваше и на голем број филмови и телевизиски шоуа, вклучувајќи го и реалното шоу „The Aprentice“. Тој е член на организацијата на телевизиски актери и од таму добива годишна пензија од 110.000 долари за неговите телевизиски појавувања. Ѕвездата на познатиот „Булевар на славата“ во Холивуд ја доби во 2007 година.
Фотографија: picture-alliance/dpa/N. Stern
Жена со многу стилови
Како прва дама на САД, Хилари Клинтон беше позната поради експериментирањето со различните стилови. Во 1996 година магазинот „Венити Фер“ тврдеше дека таа сменила 43 фризури. На сликата е прикажана фризурата која ја носеше кога зборуваше за Моника Левински, практикантката со која нејзиниот сопруг имаше афера.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Naltchayan
Во „коцкастиот“ круг
Трамп имаше бројни појавувања во боречкиот ринг како дел од наводната кавга со шефот на “World Wrestling Entertainment” Винс МекМахон. Учеството на Трамп во наместени борби му донесе место во „Wrestling Hall of Fame“. Веројатно е дека Трамп би сакал да ја повтори сцената на сликата со Хилари.
Фотографија: Getty Images
Освојувач на Греми награда
Многумина од оние кои се спротивставуваат на Хилари и добар дел од нејзините подржувачи се согласни дека гласот на Хилари не е многу пријатен за ушите. Сепак, тоа не ја сопре да освои Греми награда во 1997 година за најдобар говорен перформанс за аудио книгата на нејзината автобиографија. Патем, истата година Селин Дион освои награда за најдобар албум.
Фотографија: picture-lliance/dpa
10 фотографии1 | 10
А актуелниот претседател Трамп особено ќе се радува определени моменти во кампањата: ТВ-дуелите во кои тој пред четири години успеваше да ја доведе во неволја и далеку поелоквентната Хилари Клинтон. Тешко може да се замисли како Џо Бајден би требало да издржи против Доналд Трамп на оваа сцена.
Доналд Трамп можеби западнал во дефанзива. Но, изборите во никој случај ги нема загубено.