1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Доналд Трамп е „негативен“

СН/агенции
13 октомври 2020

Претседателот на САД, според неговиот личен лекар, неколкупати бил тестиран негативно на коронавирусот и повеќе не е заразен за други. Досега, Шон Конли избегнуваше експлицитно да го прогласи Трамп за излечен од Ковид-19

USA I Donald Trump I Wahlkampf Florida
Фотографија: Joe Raedle/Getty Images

Доналд Трамп е негативен на Ковид-19 и не е заразен за други лица, соопшти личмниот лекар на американскиот претседател, Шон Конли.

Соопштението на Конли беше издадено неколку часа пред собирот во Флорида на кој Трамп ја продолжи кампањата за претседателските избори. Шон Конли рече дека негативниот резултат го покажал тестот од лабораторијата Абот.

Тој наведе оти негативниот тест и другите клинички и лабораториски податоци покажуваат, како што се изрази, непостоење на видливи копии на вируспт. Лекарот на американскиот претседател додаде и дека медицинскиот тим, врз основа на насоките на американскиот Центар за контрола и превенција на болеста, утврдил оти претседателот Трамп не е заразен за други лица.

Претседателот на САД во петокот на 2 октомври обелодени дека тој и првата дама Меланија Трамп се позитивни на коронавирусот. Трамп тој ден беше префрлен на болничко лечење во воената болница Волтер Рид, додека неговата сопруга третманот го продолжи во Белата куќа.

Повеќе:

-Фаучи гневен поради „сечен и лепен“ изборен спот на Трамп

-Тактиката на Трамп функционира

-Трамп се врати во Белата куќа

Епилогот од нејзиното лечење не е познат за јавноста.Трамп болничкото лечење го заврши во минатиот понеделник кога се врати во Белата куќа, а во саботата првпат се појави во јавноста на собирот во Белата куќа кој беше организиран во знак на поддршка на полицајците.

По собирот беше соопштено дека претседателот не претставува ризик како преносител.

Фотографија: Joe Raedle/Getty Images

Ковид-19 го спречи американскиот претседател во финишот на предизборната кампања да учествува на митинзите и на вечерите за собирање пари за кампањата. Неговото враќање на митинзите треба да ги увери гласачите дека е доволно здрав да може да води кампања и да ја извршува функцијата на претседател.

Додека Трамп мораше да се опоравува, неговиот предизвикувач Џо Бајден имаше неколку настапи во кампањата во клучните сојузни држави. Кандидатот на опозициските демократи и поранешен потпретседател во моментов  во анкетите има предност од десет процентни поени во однос на Трамп. Бајден исто така беше во можност да го зголеми водството во неколку држави кои евентуално може да бидат одлучувачки за изборите.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми