На подиумска дискусија во Берлин, „Првата ќерка“ на САД и советничка на претседателот, Иванка Трамп, го бранеше својот татко од критиките дека недоволно ги респектира жените. Тоа не ѝ се допадна на публиката која ја следеше дискусијата во која меѓу другите учествуваа и германската канцеларка Ангела Меркел и шефицата на ММФ, Кристин Лагард.