1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Донаторската конференција му донесе 1,2 милијарди евра помош на Косово

12 јули 2008

Во Брисел се оддржа донаторска конференција за Косово со цел да се помогне при обновата на институциите. Премиерот на Косово Хашим Тачи е задоволен од донациите.

Премиерот на Косово Тачи со еврокомесарот РенФотографија: picture alliance/dpa

1,2 милијарди евра е резултатот од донаторската конференција за Косово во Брисел. 500 милиони евра помош ќе дојдат од Комисјата на Европската унија, Германија ќе донира 100 милиони, а САД 255 милиони евра.

Премиерот на Косово Хашим Тачи е задоволен „Ова е неверојатен успех за мојата земја, за населението на Косово. Косово сега е богата земја. Со успехот на оваа конференција се отвара ново поглавје во историјата на Косово“ рече Тачи

Овие пари во наредните три години ќе се употребат за обнова на инфраструктурата, на училиштата, властите, правосудниот систем, и полицијата на Косово. Во моментов економијата на Косово е многу слаба, повеќе од една третина од населението живеат под границата на сиромаштијата со помалку од евро и половина на ден. Невработеноста изнесува меѓу 30 и 40 проценти, а во некои делови достигнува и 80 насто.

Лошата економска ситуација е плодна почва за корупцијата, оттука комсарот за проширување на ЕУ, Оли Рен јасно кажа дека неговиот сектор будно ќе го следи распоредувањето на парите на Косово.

Независноста на Косово сеуште ја немаат признаено шест земји членки на ЕУ повикувајќи се на принципите на ОБСЕ, а освен тоа независноста на Косово е спроведена без одлука на Советот за безбедност на ОН.

Премиерот на Косово, Хашим Тачи на донаторската конференција во Брисел од своја страна изрази надеж дека Косово наскоро ќе стане членка на НАТО, ЕУ и сите поголеми финансиски инситутции.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми