1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Донаторска афера во деснопопулистичката АфД

ЕМФ / дв
15 ноември 2018

Поради дубиозни донации од Швајцарија, обвинителството во Констанц покрена истрага против шефицата на пратеничката група на АфД во Бундестагот, Алис Вајдел и други членови на партијата.

Deutschland Bundestag Alice Weidel
Фотографија: Reuters/H. Hanschke

Постојат сомневања за прекршување на Законот за партии, соопшти обвинителството во Констанц. Поради пратеничкиот статус на Алис Вајдел и нејзиниот имунитет истрага ќе започне откако претседателот на Бундестагот и Вајдел лично ќе бидат информирани и откако ќе помине рокот од 48 часа. Известувањата се испратени. Обвинителството додава дека во вторникот била поднесена кривична пријава против Вајдел и други членови на партискиот огранок во регионот на Бодензе.

Повеќе: АФД - лична карта на десните популисти

Пред парламентарните избори во 2017 година, швајцарска компанија префрлила пари на сметката на огранокот на АфД од Бодензе, каде што всушност е и изборната единица на Алис Вајдел. Според истражувања на телевизиите ВДР и НДР, како и весникот „Зиддојче цајтунг“, се рбаоти за 18 одделни донации во вредност од над 132.000 евра. Партиски донации повисоки од 1.000 евра и донатори од земји кои не се членки на ЕУ важат за нелегални, освен ако донаторот е Германец.

Донациите, според медиумите, потекнуваат од анонимен донатор, а парите биле наменети за кампањата на Вајдел. Парите потоа биле вратени назад, но дури во април 2018. Вајдел отфрла одговорност за постапката, а има и поддршка од својот партиски огранок. Според Ханс Хаусбергер (АфД), Вајдел има најмала одговорност. Проблемот, според Хаусбергер, повеќе лежи кај покраинскиот благајник на АфД, Франк Крал, зашто тој не му помогнал на општинскиот партиски огранок во врска со донациите, односно давал „заобиколни одговори“ на прашањата како да се постапи со големите суми. На крајот, информирана била и самата Вајдел, која одлучила парите да се вратат назад.

Висока донација за АфД стигнала и од БелгијаФотографија: picture-alliance/dpa/F. von Erichsen

Согласно Законот за партии, доколку една партија добила бесправни донации и за тоа не го известила претседателот на Бундестагот, следува казна во висина три пати поголема од донираниот износ.

Инаку, според наводи на АфД, општинскиот огранок каде што припаѓа Вајдел добил и други високи донации. Од Белгија пристигнале 150.000 евра, кои поради нејаснотиите околу потеклото биле вратени назад, соопшти АфД. Тие пари на партиска сметка стигнале на 13 февруари, а биле вратени на 9 мај годинава.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми