Донаторска конференција за жртвите од земјотресот во Пакистан
19 ноември 2005Пакистанскиот претседател Перверз Мушарав ги повика нациите да донираат пари со цел да им се помогне на жртвите кои се уште се на отворено, бидејќи им се заканува смрт од студеното време. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, пак се пожали дека богатите држави заборавиле на Пакистан. Какви се приликите во погодените подрачја на прагот на зимата, лично сдакаше да види и еврокомесарката за наворешни работи Бенита Фереро Валднер, со која на пат беше и нашиот известувач Бернд Ригерт.
Стотина деца во Муџафербад секој ден чекаат во редици за во мали пластични кантички да наполнат вода за пиење. Пакистанските војници наоружани со дрвени палки ја држат под контрола масата која се турка додека австриските војници точат вода од уредите за пречистување. Тие сега лиферуваат вода за пиење за 40 илјади жители на уништениот главен град на провинцијата, а наскоро ќе мора да се вратат во својата земја. Муџафарбад пред земјотресот броеше 240 илјади луѓе.
Мајорот Фриуц Афленцер објаснува:
,, Повелекувањето на уредите за пречистување на водата ќе биде голем проблем. Додуша, ОН и пакистанската влада се информирани за тоа, а ние мораме да се вратиме дома. Како тогаш ќе се иѕлезе на крај со проблемот и со нехигиенските услови, не ѕнаеме. Ќе биде мошне тешко,, вели мајотор. И европската комесарка за надворешпни работи Бенита Фереро Валднер од хеликоптер го надгледуваше разрушениот град.
,, Јас бев шокирана од она што го видов, иако снимки постојано гледав на ТВ. Кога тоа ќе се види на лице место од близина , и тоа колку луѓето патат поради тоа, тогаш човек се потресува. И моите грижи се свртени кон оние кои сега се наоѓаат во тешка состојба,, вели Валднер.
Учесниците на денешната донаторска конференција се обидуваат да најдат решение за ситуацијата во Пакистан. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, кој претходно ги критикуваше нациите дека Пакистан добил само 30 % од планираните фондови за реконструкција, вети засолништа за сите преживеани од катастрофалниот земјотрес.