1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Донаторска конференција за Косово

Анке Хагедорн11 јули 2008

Денеска во Брисел се одржува меѓународна донаторска конференција за Косово. Властите во Приштина се надеваат на голема поддршка од државите учеснички и меѓународните институции, кои ќе учествуваат на конференцијата.

Косовскиот Претседател Фатмир Сејдиу при интервју за Дочје ВелеФотографија: DW/Jakupi


На чело на донаторите денеска во Брисел се наоѓаат САД, како сила заштитничка на Косово. Покрај нив, како најголем донатор, ќе присуствуваат земјите членки на ЕУ, потоа Норвешка, Швајцарија и Саудиска Арабија. Тука се секако и меѓународните финансиски институции.

Од сите нив косовската влада очекува финансиска помош во висина од 1,4 милијарди евра. Според извештајот на Светската банка и Европската комисија, на Косово му требаат до 2011. 600 милиони само за изградба на сообраќајната инфраструктура. Натамошни 670 милиони се потребни за градење на училишта и инфраструктурни објекти за правосудниот систем и полицијата.


САД ветуваат 255 милиони евра


Евро-комесарот за проширување Оли Рен очекува финансиски ветувања во вкупен износ од една милијарда евра. Од нив, според вчерашната изјава на директорката на американската програма за развојна помош Хенријета Холсман Фоур, 255 милиони ќе дојдат од САД. Таа ги повика и останатите земји учеснички на конференцијата да го следат примерот на светската супер сила. Според неа влатите на Косово имаат изработено добар и веродостоен план за развој на земјата.


Може ли Косово да застане на сопствени нозе?


Косово веќе има добиено три милијарди евра помош од 1998-мата до денес. Но, и покрај тоа останува отворено прашањето дали поранешната српска покраина кога и да е ќе стане способна да преживее со сопствени сили. Косово, имено, спаѓа меѓу најсиромашните региони на Европа. Според податоците на Светската банка цели 37% од населението живее под границата на сиромаштија, што значи со помалку од 1,5 евра на ден. А стапката на невработеност изнесува околу 40 проценти.




Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми