1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Нобелов медал за украинските деца

СН/агенции
21 јуни 2022

Рускиот новинар и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитри Муратов го продаде својот Нобелов медал на аукција за повеќе од 100 милиони американски долари. Сензационалната сума е наменета за децата бегалци од Украина.

23-каратниот златен Нобелов медал на новинарот Дмитри Муратов пред аукцијата
23-каратниот златен Нобелов медал на новинарот Дмитри Муратов пред аукцијатаФотографија: Eduardo Munoz Alvarez/dpa/AP/picture alliance

Никогаш досега Нобелов медал не постигнал повеќе: минатогодишниот Нобелов лауреат за мир, Дмитри Муратов, главен уредник на рускиот независен весник Новаја газета, го продаде синоќа својот медал на аукција за 103,5 милиони долари, а износот е наменет за децата кои се раселени во украинскиот конфликт.

Износот од продажба на медалот во Њујорк, кој го купи телефонски анонимен понудувач, ќе биде даден на програмата на Уницеф посветена на раселените деца во војната, соопшти аукциската куќа Херитиџ која ја водеше продажбата.

Кога стигна конечната понуда, зголемена за десетици милиони долари во однос на претходната, присутните во салата беа вџашени, вклучувајќи го и Муратов.

Рускиот новинар и Нобелов лауреат, Дмитри МуратовФотографија: Salvatore Di Nolfi/dpa/KEYSTONE/picture alliance

Зборувајќи за својот избор Уницеф да располага со добиените средства тој рече: „Неопходно е за нас организацијата која ќе управува со средствата не ѝ припаѓа на ниту една влада. Може да работи над владите, за неа нема граници“.

Муратов со филипинската новинарка Марија Реса ја доби престижната Нобелова награда за мир во 2021 година, а Нобеловиот комитет соопшти дека им оддава почит поради „нивните напори наменети за зачувување на слободата за изразување“.

Муратов е главен уредник на еден од водечките руски независни весници Новаја газета. Весникот на крајот на март пренесе дека ќе запире со објави на хартија и онлајн во Русија до крајот на интервенцијата во Украина, во време кога Кремљ ја заостри политиката кон критички настроените гласови.

Децата жртви на руската агресија

01:43

This browser does not support the video element.

Во видеото објавено од аукциската куќа Херитиџ, новинарот вели дека освојувањето на Нобеловата награда му дава шанса на добитникот да биде слушнат.

„Најважната порака денес е луѓето да разберат дека се случува конфликт и дека треба да им помогнеме на луѓето кои најмногу страдаат“, додаде Муратов, нагласувајќи ги „децата во бегалските семејства“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми