Донесување на Законот за јазиците до крајот на септември?
4 септември 2017Реклама
Предлог-законот за употреба на јазиците утре треба да се најде на дневен ред на Комисијата за европски прашања, се очекува да биде донесен пред 25. септември. Законското решение предложено од владата предизвика жестока дебата. За едни, законот ги унапредува правата на заедниците, за други е надвор од Уставот и Рамковниот договор. Венецијанската комисија ќе одлучува за спорни прашања, како двојазични банкноти или униформи на АРМ. Законот предвидува во сите органи на државната власт, во централните институции, јавни претпријатија, покрај македонскиот јазик службен да биде и албанскиот јазик. За споведување на законот ќе се грижи посебна агенција.