1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Допинг за ЦДУ на Меркел

Кај-Александер Шолц
15 мај 2017

Изборниот резултат во Северна Рајна-Вестфалија ги потврди тенденциите на сојузно ниво. Ангела Меркел дојде чекор поблиску до четврти мандат како германска канцеларка. Нејзиниот конкурент Мартин Шулц е значајно ослабнат

Deutschland | Parteitag der NRW-CDU
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gentsch

Не, во Германија нема како во САД предизбори за изборите за Бундестагот. Истотака нема ни директен избор на сојузен канцелар. Наместо тоа покраинските избори важат за битен барометар на расположението како за сојузните избори така и за кандидатите за канцелар. Притоа покраинските избори во Северна Рајна-Вестфалија важат за супер-барометар, бидејќи оваа покраина на западот од републиката има најбројно населени. А во конкретниов случај тие избори се одржаа само на четириипол месеци пред изборите за Бундестагот во септември.

„Бура во грбот“ за Меркел

Набљудувано од ваква перспектива резултатот од изборите - поразот на социјалдемократите (СПД) и победата на демохристијаните (ЦДУ)- претставува ветер во грбот на претседателката на ЦДУ и канцеларка Ангела Меркел. Всушност овојпат станува збор за „бура во грбот“ на Меркел.

Затоа што промената на власта во Северна Рајна-Вестфалија не е каква било. Таа се случува во покраината- база на СПД, која тука од 1980 до 1995 година владееше со апсолутно мнозинство. Од 1966 година наваму ЦДУ беше на чело на покраинската влада само еднаш, од 2005 до 2010 година. затоа не е случајно тоа што изборниот исход германските медиуми сега го интерпретираат како „политички земјотрес“.

Фотографија: DW

ЦДУ од друга страна изгледа дека во моментов се наоѓа на сигурен курс на успехот. Веќе на трети покраински избори по ред таа победува. Во Сарската област беше потврдена премирката на ЦДУ, во Шлезвиг-Холштајн додјде до промена на власта во плолза на ЦДУ, а сега истото се случува и во Северна Рајна-Вестфалија. Веќе може да се говори за закон на серија. Има гласови, кои веќе велат, дека со тоа сојузните избори веќе се завршена работа за Ангела Меркел. 

Кандидатот за канцелар на СПД, Шулц во дефанзива

Многу нешта во моментов говорат во полза на тоа, зашто- и токму тоа е изненадувачкото- предизвикувачот на Меркел од редовите на СПД, Мартин Шулц сега е далеку помалку опасен отколку што важеше на почетокот на годината. Често споменуваниот „Шулц-воз“, а со тоа се мислеше на многу брзиот нагорен тренд во анкетите и илјадниците партиски настапи, е закочен.  Првичната еуфорија е спласната. Тоа го покажуваат и другите анкети спроведени на целата територија на Германија како за партиите така и за нивните водечки личности.

Јавното мислење полека се враќа на времињата пред објавата на кандидатурата на Шулц. Тоа боли. Шулц имено и самиот неодамна призна дека не е „волшебник“. Ривалот на Меркел, додуша, има намера и натаму да се бори, но во моментов е оштетен и мора да се погрижи за нов залет. Со што конкретно би можело да му успее тоа, Шулц не открива. Неговата омилена тема, „социјалната правда“, во секој случај во моментов не изгледа дека вистински носи полодови. Наместо тоа, изгледа дека темата „внатрешна безбедност“ со која ЦДУ влегува во кампањата, повеќе ги засега избирачите.

Политиката повторно може да мобилизира

Меѓутоа јавното мислење не само што се враќа на времето пред Шулц, туку на последните покраински избори се случува вистинско будење на ЦДУ. Во претходните години ЦДУ и не беше навикнат на победи, кога станува збор за покраинските избори. Тоа важеше како недостаток на претседателката на ЦДУ, Ангела Меркел, бидејќи поради тоа демохристијаните немаа мнозинство во горниот дом на парламентот : Советот на покраините- Бундесратот.

Фотографија: Getty Images/AFP/J. McDougall

Сега изгледа дека може да се говори и за друг јак тренд, дека ЦДУ повторно може да мобилизира.Во Северна Рајна-Вестфалија, ЦДУ успеа да придобие најмногу гласови од таборот на оние кои претходно не излегуваа на избори. Причина за тоа би можело да биде тоа што партијата веќе неколку месеци експериментира со дигитално поддржана кампања „од врата до врата“. Во Сарската област и во Шлезвиг-Холштајн, се вели, тоа довело многу граѓани на гласачките места.  

Без оглед каков ќе биде исходот битката меѓу ефектот-Шулц и ЦДУ-мобилизацијата, времињата на замореност од избори во Германија се минато. Излезноста расте.

АфД не напредува

Германските десничарски популисти пак во последниве недели се движат кон една висока едноцифрена вредност во анкетите. Изборниот праг од пет проценти, кој одлучува за влез во парламентот, веројатно ќе успеат да го пречекорат. Но за разлика од другите европски земји, тие во Германија заедно со Зелените, Либералите и Левицата остануваат во сферата на таканаречените мали партии. 

ЦДУ и СПД наспроти тоа со вредностите во анкетите од преку 30 проценти можат да ја зацврстат својата позиција како народни парии. Партискиот пејсаж во Германија така останува споредбено стабилен.

Притоа се навестуваат и алтернативи за големата коалиција меѓу ЦДУ и СПД, која повеќе важи за заедница од принуда. Тоа во најголема мерка се должи на повторно стекнатата сила на Либералите, кои пред четири години не успеаја да обезбедат место во Бундестагот, а сега стојат на располагање за нови или за стари проверени коалиции.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми