1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дортмунд го очекува Бајерн во финалето на купот

БГ/дпа/миа16 април 2014

Фудбалерите на Борусија Дортмунд се пласираа во завршницата од Купот на Германија по победата над Волфсбург со 2:0. Актуелниот бранител на трофејот, Бајерн Минхен вечерва игра против Кајзерслаутерн.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Фудбалерите на Борусија синоќа во полуфиналето одиграно во Дортмунд до победата дојдоа со головите на Хенрик Михтарјан во 13. минута и на Роберт Левандовски, кој во 43. минута го постигна својот 100-ти гол за бундеслигашот од Дортмунд.

Многу веројатно е дека Левандовски во финалето ќе го игра својот последен меч во дресот на Борусија токму против своите идни соиграчи од Бајерн. Имено, на крајот од сезоната Полјакот се сели во Минхен, откако му истече договорот со Борусија.

Вечерва од 20 часот и 30 минути на „Алијанц Арена“ во Минхен, во второто полуфинале актуелниот бранител на титулата во купот - Бајерн Минхен, го пречекува второлигашот Кајзерслаутерн. Бајерн во последните недели, откако беше обезбедена титулата во првенството, игра во лоша форма, а викендот на домашен терен беше поразен од Борусија со 3:0. Сепак, малкумина веруваат дека Кајзерслаутерн може да приреди чудо во Минхен. Освен со слаба форма, Бајерн е соочен и со повреди на неколку клучни играчи. Во прв ред, голманот Мануел Нојер сигурно ќе го пропушти овој дуел, а на голот на актуелниот германски и европски првак повторно ќе застане третиот резервен голман Лукас Редер. Се очекува Нојер сепак да биде подготвен за првиот дуел од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Финалето на германскиот куп е закажано за 17 мај на Олимпискиот стадион во Берлин.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми