1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дортмунд се надева на чудо во Минхен

Ш.Нестлер/Б.Георгиевски1 ноември 2014

Изминатите години дуелот меѓу Бајерн Минхен и Борусија Дортмунд важеше за германско „класико“. Но, овојпат недостасува една важна состојка: тешко е да се говори за дуел на врвни тимови.

Фотографија: imago/Michael Weber

Само еден играч на Дортмунд е убеден во успех на својата екипа, но тој е и познат по тоа: „На сите ќе им покажеме колку можеме. Сакаме да го налутиме Бајерн“, изјави Кевин Гроскројц. Цели 14 поени ги делат двете екипи, Бајерн е на самиот врв, додека Борусија на 15-то место на табелата, пред ова 10-то коло. Борусија забележа четири порази во серија во Бундеслигата. Доколку и во Минхен продолжи така, тоа ќе биде најлошиот старт на Дортмунд во историјата на Бундеслигата. Во таква ситуација, ни тренерот Јирген Клоп не најавува големи битки. „Не е времето за такви најави. Но ќе сториме сѐ“.

Во последните четири сезони, на Борусија и тоа како добро и‘ оди на теренот во Минхен. Три победи и еден нерешен резултат е билансот на тимот од Дортмунд. Лошата форма на Борусија во лигата не треба да не‘ залаже, велат во еден глас од минхенскиот табор. „Сигурен сум дека Дортмунд и оваа сезона ќе обезбеди настап во Лигата на шампионите“, вели претседателот на клубот Карл-Хајнц Румениге. „За мене Бајерн и Борусија се локомотивите на Бундеслигата“.

Атмосферата меѓу двата клуба и натаму е доста тензична. „Немаме никакви односи“, вели шефот на Борусија, Ханс-Јоахим Вацке за Румениге. „Тој е задолжен за Бајерн, јас за Борусија. Оттука нема причина за некакви посебни односи“. Старата традиција за заедничка вечера меѓу претседателите на двата клуба одамна е минато. Вацке вели дека не бил ни поканет. Румениге одговара дека од Борусија избегнуваат секаков контакт со Бајерн на раководно ниво. За нервозата во таборот на Борусија виновни се пред сѐ изјавите на Румениге, кој најави можен трансфер на ѕвездата на Дортмунд, Марко Ројс. По претходните трансфери на Марио Геце и Роберт Левандовски, оваа најава се чини ја прелеа чашата во Дортмунд.

Марко Ројс е причина за нова кавга меѓу двата великаниФотографија: picture-alliance/dpa/Andreas Gebert

Дуел на непоразените

Од друга страна, на хартија, дерби на колото е дуелот в недела во Менхенгладбах. Таму се среќаваат второ и четвртопласираниот на табелата, Борусија и Хофенхајм, обата досега непоразени. Предноста на домашниот терен е кај Борусија, но традицијата е на страната на гостите. Во досегашните 12 дуели, Хофенхајм победил на 6.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми