Обилните снежни врнежи од последните денови предизвикаа предупредувања од лавини и први смртни случаи. Сега, привремено, паѓа помалку снег, но ситуацијата во јужниот дел на Германија и во Австрија останува критична.
Реклама
Зимата и натаму цврсто ги држи во костец јужните региони на Баварија и делови од Австрија. Иако интензитетот на снежните врнежи од вчерашната ноќ наваму малку се намали, сепак и натаму има застој или проблеми во патниот и во железничкиот сообраќај. Згора на тоа, некои патишта се целосно затворени поради опасност од лавина. Насекаде во германските Алпи е прогласена тревога од 4 ранг, што е вториот највисок степен на опасност од лавини. За наредните денови метеоролозите најавуваат уште снежни врнежи.
Двајца германски скијачи загинаа во Форарлберг, во австриските планини. Имено во Шопернау, 26-годишно момче од баварската област Дахау, на страна од обезбедените скијачки писти бил затрупан од лавина снег. Во втората несреќа предизвикана од лавина во областа Демулс загинал 32-годишен маж од околината на Хајлброн. Во областа Берхтесгаденер, на Тајсберг, една млада жена загина во снежните маси за време на викендот. Во Вакерсберг, во горна Баварија, 44-годишен скијачки инструктор загина откако врз него паднале гранки од дрво.
Повеќе за хаосот што го предизвика снегот во јужна Германија и во Австрија во следнава галерија:
2019: 12 совети за патувања во Европа
Како најдобро се открива Европа - во природа или в град, или треба да се посети некој настан? Во 2019 ќе може да уживаат пред сѐ љубителите на уметност. Еве неколку совети за патувања во Европа: 12 месеци, 12 совети!
Љубителите на архитектурата може да се радуваат. Светски познатата Баухаус-школа за архитектура и дизајн слави стогодишен јубилеј. Големи изложби ќе има на три места каде порано се наоѓал Баухаус, во Вајмар, Десау и Берлин, а во Десау дури ќе бидат отворени и нови музеи. Севкупно ќе има околу 660 настани во цела Германија на 350 различни места.
Додека на други места во Европа во ек е карневалска сезона, Ментон свети во жолта боја. На т.н. Цитрусна прослава градот е накитен со скулптури направени од цитрусни плодови. Секоја година има различно мото. Низ градовите се движат празнични поворки, има многу музика и танц. Нема шанси да не ве понесат пролетни чувства. Фестивалот трае од 6 февруари до 3 март.
Фотографија: picture-alliance/Mandoga Media
Матера, Италија
Матера на југот на Италија е лавиринт од камени градби. Блескава убавина, стара 7 илјади години. Матера е еден од најстарите градови на светот. Саси, пештерските населби, се уникат и дел од Светското културно наследство на Унеско. Во 2019 Матера е град на културата во Европа и титулата ќе ја прослави со богата културна програма.
Пловдив е од оние бисери кои во Европа допрва ќе бидат откривани. Партнерски град е на Матера и исто така престолнина на културата во Европа во 2019. Тоа што им е заедничко е што се прастари. Пловдив има 6 илјади години историја. Пловдив има 360 илјади жители и е втор најголем град во Бугарија и старото јадро важи за најубаво во цела земја.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Мадрид, Шпанија
Еден од најзначајните музеи во Европа во 2019. слави јубилеј. Прадо во Мадрид полни 200 години. Во него се наоѓа неверојатна збирка на европската уметност од 12. до 19. век. За јубилејот ќе има голема изложба на дела од Веласкез и Гоја.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Gebert
Година на Леонардо да Винчи, Франција
Франција? Леонардо беше Италијанец, зарем не?! Точно, но генијот е починат во Франција, пред 500 години. Неговата позната слика, Мона Лиза, е изложена во Лувр во Париз. Таму ќе има голема изложба со сите дела од уметникот. Италија сѐ уште е на два ума дали да ги изнајми делата, оти Леонардо беше Италијанец, нели?
Фотографија: picture-alliance/United Archive
Краков, Полска
Полската метропола во 2019 ќе ја краси титулата „Европски град на гастрономската култура“ – европски главен град на кулинарството. Тој е преполн со различни ресторани и вкусна улична кујна. Одлична можност да испробате дел од специјалитетите е за време на фестивалот Пироги од 26 – 28 јули. Пироги се полнети тестенини што се смета за полско национално јадење.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/A. Widak
Портсмут, Велика Британија
Гигантските змејови кои летаат на крајбрежјето на Европа секогаш привлекуваат внимание. Ако сакате да уживате во живописни суштества од фантазијата, тогаш мора да го посетите фестивалот на змејовите. Тогаш меѓународните професионалци ги покажуваат своите вештини. Нивните креации танцуваат по небото со софистицирани кореографии. Еден од најголемите фестивали во Европа е во Портсмут (10 – 11 август)
Фотографија: picture-alliance/empics/B. Mitchell
Лил, Франција
Овој датум треба да го запомнат сите колекционери, љубители на антиквитети и ловци на добри зделки. Секоја прва недела во септември на улиците на Лил се одржува пазар на стари работи и дребулии, но не каков било, туку најголемиот во Европа. Работите кои се продаваат се изложени во должина од 100 километри. И речиси над два милиона гости се обидуваат да се пробијат во толпата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Edouard
Година на Рембрант, Холандија
Операција на разубавување во живо токму за јубилејот! Тоа е подарокот на Ријкс-музејот во Амстердам за 350-годишнината од смртта на големиот мајстор во октомври: Најпознатата слика на Рембрант, „Ноќна стража“, ќе биде реставрирана во стаклено ателје и тоа пред очите на сите посетители. Работата на реставраторите исто така ќе биде пренесувана во живо на интернет.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Берлин, Германија
На 9 ноември 2019 година ќе се слави 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Јубилејот ќе биде одбележан со многу манифестации низ Германија. Меѓу другото, Берлин планира и еден Фестивал на музиката. Остатоците од Ѕидот ќе бидат бина за стотици концерти и настапи од и за секого, од професионалци до лаици. Во духот на мотото – музиката не познава граници!
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner
Рованиеми, Финска
Рованиеми е покриен со снег речиси шест месеци. Снегот создава состојба на мир. И веројатно затоа Дедо Мраз си го одбрал ова место за свој дом. Во селото на Дедо Мраз може секојдневно да се дружите со него и да го гледате додека работи. Оној кој сака овде може и да преноќи. Совршено место за Божик, со кој годината повторно ќе заврши.