Доселувањето е потребно
29 март 2004Претседателот на институтот е разочаран. Она што сега се појавува во Берлин како компромисен предлог за Томас Штраубхар веќе не е закон за доселување, туку само закон за интеграција. Тој критикува пред се што коалицијата и опозицијата очигледно сакаат да се откажат да постават стапка на доселување и можните доселеници да ги избираат само според ситем на поени. А, само таков систем би овозможил флексибилно доселување според потребите на економијата:
“Во кус рок во одделни сектори, во одделни региони, за одделни професии или недостиг на стручањци доселувањето може многу бргу да помогне да се затворат дупките. За стопанството во целост тоа е можност да донесе персонал што недостига“.
Бидејќи за овие предности во Германија сите се единствени, сегашната дебата во Берлин е само израз на партиско-политички тактики, вели Штраубхар. Кон тоа припаѓа и обидот на ЦДУ у ЦСУ прашањето на доселувањето да го поврзат со безбедносно-политички аспекти. Оттаму, Штраубхар со завист гледа кон САД. Дури и по 11 септември темата доселување таму се разгледува исклучиво од економски аспект, известува експертот за миграции Филип Мартин од универзитетот Дејвис кај Сакраменто. Американското стопанство инвестира многу пари и енергија да ја зголеми стапката на доселување:
“Вкупно, бизнис круговите кај нас беа и сега се за доселување. И тоа е поделено: високо- технолошката индустрија е за Индусите, земјоделството за Мексиканците. Но, сите се за повеќе доселување, а не обратно“.
Контролираното доселување нема да ги загрози стопанските и социјалните столбови, но не може да биде ниту единствено средство против престареноста на населението, вели Штаубхар:
“Ако сакаме да го решиме овој проблем со доселување, секоја година мораат да доаѓат големи маси луѓе со соодветна старосна структура. Тоа сосема ќе го намали населението во Германија, а уделот на странците ќе достигне до една третина. Политички мислам дека тоа е неодржливо. Доселувањето може да го намали проблемот на демографското стареење како премин, но не и да го реши“.
Штаубхар е убеден дека оној што ќе се откаже од флексибилното водење на доселувањето на стопанството му одзема битни творечки можности.