1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Соработка и реформи, а не опседнатост со датуми

1 ноември 2019

Што понатаму - е прашањето се анализира во земјите од балканската шесторка кои имаат аспирации да станат членки на ЕУ. Прв нужен чекор - засилена економска регионална соработка.

Westbalkan-Konferenz in Berlin
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

Дали е регионалната соработка или поврзувањето замена за членството во ЕУ? Не е. Но, не можеме само да плачеме и да го вперуваме прстот едни на други, во надеж дека така ќе се намали невработеноста во регионот“, изјави

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу во обраќањето на Форумот посветен на поврзувањето, одржан изминатите два дена во Тирана.

За првпат, наместо дискусии посветени на програмата за поврзување и за тоа колку е потрошено од 2015 година до денес од една милијарда евра, колку што е вредноста на европските грантови, и колку е важно поврзувањето на луѓето и пазарите во регионот, Брегу констатира дека регионот повторно се враќа на својата европска перспектива и во исчекување на одговорот на прашањето: Што  понатаму? 

Избегување на геополитички штети

„Eвропа се наоѓа во длабока криза на утврдување на својата филозофија и обврските кон регионот. Тоа е вистинска граница денес. Не знам што следи понатаму, но додека ЕУ не биде подготвена да ни каже какви планови има за нашиот регион, само можам да речам дека за сите нас би било умно да работиме на две полиња - нa поголемо поврзување низ регионална соработка и  на сериозни домашни реформи, во исто време свесни дека дека членството во ЕУ значи процес на трансформација, a не опседнатост со датуми или методологии“, вели Брегу. 

Фотографија: picture-alliance/Photoshot/Qian Yi

Таа порачува дека е нужно насочување кон луѓето и на решавање на прашањата за одлив на висококвалификувана работна сила. 

„Треба да обезбедиме слободно движење на граѓаните во регионот со лична карта, почнувајќи од стопанствениците па до младите, и да продолжиме со работа на дигиталната агенда. Успеавме да го поврземе регионот преку договор за намалување на цените на роаминг, кој е во сила од 1-ви јули. Меѓутоа дигитализација не е само намалување на трошоците за телефонија", вели Брегу.

Повеќе:

-„Проширувањето на ЕУ е мртво“

-САД ја потсетуваат ЕУ каде е местото на Северна Македонија

-Македонски маратон на 35 километри или статус кво?

Таа потенцира дека на регионот му е потребна дополнителна поддршка за да ги спроведе неопходните реформи и да го стигне темпото на ЕУ.

„EУ можеби повторно ќе го разгледа својот предлог и ќе го вклучи регионот во механизмот на структурни фондови. Ни одземааа малку повеќе време, дo мај 2020 година, за работа на новиот пристап на проширување, но заради избегување на натамошни ‘геополитички штети' за регионот, оваа одлука би требало да биде донесена водејќи сметка за сите шест економии на Западен Балкан. Дали е регионаланата соработка или поврзувањето замена за членството во ЕУ? Не е. Но не можеме само да плачеме и да го вперуваме прстот едни на други, во надеж дека така ќе се намали невработеноста во регионот“, оценува Генералната секретарка на Советот за регионална соработка.

По малиот шенген" - регионална економска Унија?

По француската блокада на Тирана и Скопје за почеток на преговори со ЕУ, економското поврзување на регионот добива нови импулси и во Белград. Покрај иницијативата на српскиот претседател Александар Вучиќ за „Мал Шенген“ со Албанија и Северна Македонија, српски медиуми пишуваат дека се кристализира идејата за засилена регионална соработка, односно за модел на економска унија на земјите од регионот, која би соработувала со ЕУ до полноправно членство на секоја земја одделно. „Планот Б" како што го нарекуваат медиумите, подразбира „економска унија во која сите земји ќе соработуваат, економски ќе ги јакнат своите пазари и кога ќе дојде време за прием, во ЕУ ќе влезат како економски силни земји“.

Фотографија: Getty Images/AFP/O. Bunic

На таа тема Вучиќ зборувал и пред три дена, на прошталната вечера на Федерика Могерини со лидерите од балканските земји. Тогаш потенцирал дека Србија не јса менува стратегиската определба - членство во ЕУ, но дека тактички мора да се прилагоди на промените во Унијата, при што ја искажал важноста од регионалната соработка.

„Поддршка за јакнење на тие односи добив и од еден претставник на земја од која тоа не го очекував. Поради тоа сум многу среќен, бидејќи отвора уште посилни перспективи за разговори за потесна соработка", изјавил Вучиќ за српските медиуми, кои откриваат дека поддршката ја добил од црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ.

Македонски аналитичари сметаат дека Тирана и Скопје се „колатерална штета“, односно дека француската блокада е резултат на разочарувањето токму од земји кои започнале пристапни преговори со Унијата, но повеќе глумат реформи отколку што навистина ги спроведуваат, како и на дел земји кои нецелосно подготовени се зачленија во ЕУ. Сметаат дека реазочарувањето на Унијата од тие земји, сега неправедно се крши врз грбот на Скопје и Тирана.

Во однос на иницијативите за засилена економска соработка во регионот, во домашни стопански и политички кругови нема никаков отпор кон тие идеи, со став дека тоа е добро за сите, но дека не може да биде алтернатива за пристапни преговори со Унијата, односно, за полноправно членство.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми