Дочек на Новата година во светот
1 јануари 2018Од Австралија до Германија, од Кина до Франција, насекаде со одбројување, забави и спектакуларни огномети беше одбележан преминот во Новата 2018. година.
Десетици илјади жители и гости во германскиот главен град Берлин присуствуваа на огнометот и забавата пред Бранденбуршката порта. Забави во новогодишната ноќ имаше и низ другите германски градови, а прославата, според полицијата, поминала главно мирно и во опуштена атмосфера, на многу места со засилено обезбедување. Сцени, како во Келн пред две години, кога имаше масивни сексуални напади на жени во новогодишната ноќ, не биле забележани. И во повеќе други земји во светот новогодишните прослави беа проследени со зајакнати мерки на безбедност, што сепак не го наруши расположението. Погледајте како изгледаше тоа во неколку земји.