Дојдете во С. Македонија, повикува Lonely Planet!

Еден од најпознатите туристички водичи- „Lonely Planet“ ја препорачува Северна Македонија како трета најдобра светска дестинација за следната 2020 година. Погледнете ги и останатите дестинации во нашата мала галерија.
Северна Македонија: За секого по нешто
Северна Македонија е трета на листата на земји кои треба да се посетат. Lonely Planet ја претставува земјата како препородена по надминувањето на спорот со Грција околу името. Веќе е позната по својата гастрономија, антички традиции и природа, но нуди многу новини за љубителите на културата и авантуристите. Новите директни летови до Охрид само го олеснуваат уживањето.
Бутан: Ќе биде уште поубаво!
Многу држави тврдат дека го нудат вистинскиот „Шангри-Ла“, но на Бутан најдобро му оди. Хималајскиот рај има стриктна туристичка политика со која секој турист мора да плати дневна карта за да ужива во прекрасните предели. Веќе е првата држава во светот која воопшто не загадува, а до 2020 година Кралството ќе биде и првата целосно органска држава. Значи, ќе станува само поубаво!
Англија: Пешачење во ветровитиот рај
Некогашната прва линија на одбрана од освојувачи, денес е место за уживање. Прошетка низ ветровитиот брег, откривање на морски животни во карпите, барање фосилни остатоци, набљудување на делфини, се само дел од активностите кои ги нуди англиското крајбрежје. До 2020 година ќе биде завршена пешачката патека во должина од 3.000 милји- единствена од тој вид во светот која ќе го опфати целиот брег.
Аруба: Повеќе од егзотични плажи и море
Островот кој се наоѓа во близина на брегот на Венецуела освен со егзотичниот туризам се наметнува и со амбициозните напори за одржливост. Островот се нуди како поле за тестирање на решенија за обновлива енергија на други земји, и планира забрана за користење пластика и заштита на коралите. Со понудата на ново, автентично и евтино сместување, Аруба е многу повеќе од песочни плажи и прекрасно море.
еСватини: Мир и спокојство
Малечко, пријатно и полно со култура, авантура и легендарен див свет. Јужноафриканската мини држава која стана позната по тоа што го смени името од Свазиланд во еСватини, е една од најретко посетуваните држави. Новиот меѓународен аеродром и подобрената патна инфраструктура треба да го сменат тоа. Неверојатните пејзажи со своите паркови и резервати ви нудат ретко виден мир и спокојство.
Коста Рика: Чист живот
Коста Рика веќе е на светскиот врв во одржливиот туризам. Нејзините граѓани ја разбраа важноста на зачувувањето на природата и на секој начин се обидуваат да живеат во хармонија со соседите- од мравки до јагуари. 99 проценти од енергијата во земјата се добива од обновливи извори, и е на чекор до неутралност во однос на јаглеродниот диоксид. Водечката фраза гласи „чист живот“ или pura vida.
Веќе е позната по својата гастрономија, антички традиции и природа, но нуди многу новини за љубителите на културата и авантуристите. Новите директни летови до Охрид само го олеснуваат уживањето, наведува „Лоунли планет“ во описот на земјата и на нејзиниот туристички бисер.
Покрај Македонија, на листата се уште и Бутан, Англија, Коста Рика, Аруба, еСватини, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.