1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

До дамитот на НАТО- техничка влада во Македонија

15 март 2008

По владината криза, синоќа четирите најголеми парламентарни партии во Македонија се согласија македонската влада до самитот на НАТО во Букурешт да функционира како техничка или малцинска.

Владата нема парламентарно мнозинствоФотографија: picture-alliance/ dpa

Македонскиот премиер Никола Груевски не го враќа мандатот иако нема повеќе парламентарно мнозинство по излегувањето на ДПА од владата. Премиерот и владата се во непријатна ситуација пред финишот на преговорите со Грција околу споорт со името, од чиј епилог може да зависи и македонскиот прием во НАТО.

Премиерот упати зборови на охрабрување до граѓаните и ветување дека нема да дозволи никој политичар или партија преку разни сценарија да им наштетат на интересите на Македонија.

Решение од владината криза беше најдено синоќа на средбата на четирите најголеми политички партии, лидерска и џентлеменска, како што е оценета, на која е договорено кабинетот на Груевски да функционира како техничка, малцинска, влада до самитот на НАТО во Букурешт.Тоа значи дека опозицијата нема да покренува интереплација за нејзина оставка.

Челникот на ДПА Мендух Тачи кој за првпат се виде со премиерот по излегувањето на неговата партија од владата, ветил дека петте министри од ДПА ќе останат да работат и нема да ги активираат оставките до самитот во Букурешт.

Синоќа се состана и партискиот врв на ВМРО ДПМНЕ. Оваа партија по се изгледа се подготвува за вонредни избори до в лето, иако експерти и дипломати предупредуваат дека тоа ќе значи ново забавување на патот кон ЕУ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми