1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

До каде се овластувањата на БНД?

25 април 2008

По вчерашната седница на парламентарното тело надлежно за контрола на работата на тајните служби, денеска во германските весници среќаваме повеќе коментари за најновата афера со шпионирање во Германија.

Централата на германската тајна службаФотографија: AP

За германската тајна служба БНД, изгледа, е примамливо да шпионира новинари, иако е тоа забрането со указ на Сојузната влада. Најновата афера изби во саботата, откако ден пред тоа шефот на БНД ја информирал и и’ се извинил на Сузане Келбел, дописник на магазинот „Дер Шпигел“, затоа што од јуни до ноември 2006-та била шпионирана нејзината мејл - кореспонденција со министерот за трговија и индустрија на Авганистан Амин Фарханг. Тој, всушност, бил фактичката цел на германските агенти, кои во неговиот компјутер уште во 2006-та година инсталирале програма за шпионирање. На оваа тема весниците пишуваат:


„Дефинитивно е достигната точката во која мора да уследи политичко расчистување“, пишува „Лајпцигер фолксцајтунг“.

„Владее едно делумно неприфатливо службено сфаќање на агентите и на врвот на службата, ниту политичкиот врв не беа во состојба да држат на легален курс делови од таа организација. Време е парламентот натпартиски да се избори за своето право“

И „Шверинер фолксцајтунг“ коментира во сличен тон:

„Само може да биде поздравено што Контролното тело настапи спрема разузнавачката служба посамоуверено од било кога порано, покажувајќи и’ ги границите и барајќи минимална мера на транспарентност. Уште е на самиот почеток дискусијата дали парламентот има потреба од посилни инструменти за да може ефикасно да го контролира дејствувањето на тајните служби. Таа мора најбрзо да доведе до цврсти резултати. Случајот со шпионирањето ја покажува опасноста дека без доволна контрола разузнавачките служби можат да се осамостојат.“

Спротивен став застапува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“:

„Нема место за драматични слики за ’држава во држава‘, во која веќе не важи слободата на печатот. Не може да има сомневање во тоа дека БНД во Авганистан исполнува важна задача, патем, негова законска задача, во една земја во која германски војници дават по живот опасен придонес кон меѓународната безбедност и чија влада се одржува на функцијата токму и со нивното присуство. Се’ едно зошто бил надгледуван еден авганистански министер, тоа очигледно не беше целен напад врз слободата на печатот“, смета „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми