Ќе се преполови населението на Италија, Шпанија, Полска...
ЖА / агенции
15 јули 2020
Спротивно на ОН, тим експерти прогнозира значително намалување на растот на светската популација. Во некои региони драматично ќе се намали бројот на жители.
Реклама
Популацијата на Земјата, според обемна студија, до 2100 година ќе расте бројчано со многу побавно темпо од предвидувањата на ОН. Меѓународен тим експерти денеска во реномираниот медицински часопис „The Lancet" објави студија која доаѓа до заклучок – до крајот на векот на планетата ќе има веројатно 8,8 милијарди луѓе, две милијарди помалку од актуелната прогноза на ОН.
Наталитетот во 183 од 195 држави ќе опаѓа во толкави размери, што без доселување нема да може да се одржи бројот на населението. Преку 20 земји, меѓу кои Шпанија, Италија, Полска и Јапонија ќе загубат половина од своите жители. И најбројната држава во светот, Кина, до 2100 година, според студијата од актуелните 1,4 милијарди, ќе брои „само" 730 милиони луѓе.
Прогнозите предвидуваат раст на населението во африканските земји. Нигерија на пример по 80 години со 800 милиони луѓе би станала втора по бројност во светот по Индија.
„Кога жените добиваат подобар пристап кон образование и контрола на раѓање, во просек се решаваат за помалку од 1,5 деца", објаснува раководителот на студијата, Кристоф Мјурај од Институтот за здравство на Универзитетот Вашингтон во Сиетл, поддржуван од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.
Градови на иднината
Со раст на светската популација и преселба во градовите, се создава потреба од нови градови, опремени со висока технологија, кои на луѓето ќе им обезбедат простор за живот и работа во што е можно поеколошко опкружување.
Фотографија: picture-alliance
Мајдар сити, Монголија
Монголскиот главен град се гуши во смог и сообраќај. За да се реши овој проблем, се гради нов град јужно од Улан Батор. До 2030. година во Мајдар сити треба да живеат 90.000, а подоцна и до 300.000 жители. Градот го дизајнираше архитектот Штефан Шмиц од Келн. Симбол на еко-градот во камената пустина би требало да биде најолемата статуа на Буда во светот.
Фотографија: RSAA
Неом, Саудиска Арабија
Саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман вели дека Неом ќе стане најсигурниот, најефикасен и најмодерен град во светот. Во новата специјална економска зона на Црвеното Море ќе бидат вложени 500 милијарди долари. Еколошкиот град со висока технологија би требало да креира услови за млади луѓе и да има сопствено законодавство. Првата фаза на изградбата треба да заврши до 2025. година.
Фотографија: NEOM
Масдар сити, Абу Даби
Еколошкиот град Масдар сити во Обединетите Арапски Емирати требаше да биде готов во 2016. година. Во меѓувреме е отфрлена целта градот да биде целосно без емисија на штетни гасови, а завршувањето е одложено за 2030. година. Меѓународната агенција за обновливи енергии, ИРЕНА, и компании како Сименс веќе се вселија во градот, но жители нема.
Фотографија: DW/I. Quaile
Линганг, Кина
Линганг Њу сити, во близина на Шангај, би требало да стане нов комерцијален центар. Го дизајнираа „Геркан, Марг и партнери“ од Хамбург. Градот нуди животен простор за 800.000 луѓе. Работни места би требало да бидат создадени во високотехнолошки истражувачки центри, во контејнерското пристаниште Јангсхан и во зоната на слободна трговија.
Фотографија: Imago/Xinhua
Сонгдо, Јужна Кореја
За да се создаде градот Сингдо, во морето беа истурени шест квадратни километри градежно земјиште. Сонгдо е планирано да биде „најпаметен“ град во светот, а веќе има 100.000 воглавно богати жители. Сообраќај и полиција, приватни куќи, сето тоа во градот е дигитално вмрежено и опремено со камери и сензори.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Yonhap
Еко Атлантик сити, Нигерија
Пред Лагос, багерите насипуваат градежно земјиште за да направат место за луксузниот финансиски центар и станови за околу 250.000 луѓе. Еко Атлантик сити ќе биде град со трговски центри, пристаниште и облакодери. Во Нигерија повеќе од половината жители живеат во сиромаштија, па критичарите во Еко Атлантик сити гледаат изолирана населба за богатите.
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Utomi Ekpei
Белмонт Смарт Сити, САД
Според интернет-страницата на проектот, зад плановите за Белмонт Смарт Сити во Аризона во САД стои основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Околу 70 километри од градот Феникс, ќе биде изграден град за речиси 200.000 жители, место за тестирање на вмрежување „паметни“ куќи, „паметна“ работа и „паметен“ град. Проектот уште е на почеток.
Фотографија: Getty Images/A. Schmidt
Квајсајд Торонто, Канада
Матичната компанија на Гугл, Алфабет холдинг, во Торонто во Канада гради нов кварт. Околу 10.000 луѓе овде би требало да живеат благодарени на дигитално вмрежување. Квајсајд Торонто е планирано да генерира незамисливи количини дигитални податоци за жителите.
Предвидениот развој претставува добра вест за екологијата, истакнува Мјурај, зашто со помалубројно светско население е можно намалување на производството на храна и редуцирање на емитувањето на штетни гасови.
За земјите настрана од Африка опаѓачкиот број на работна сила меѓутоа би имал далекусежни негативни последици за економијата.
На пример, бројот на работоспособно население во Кина од денешните 950 милиони би спаднал на 350 милиони, назадување од 62 проценти. Во Нигерија пак пд актуелните 86 милиони, би се искачил на 450 милиони.
Свет кој старее
До крајот на 2050 година, бројот на лица постари од 65 години ќе се искачи на 15,6% од вкупната светска популација. Како се случи ова и што значи за светот?
Фотографија: Munir Uz Zaman/AFP/GettyImages
Неизбежна старост
Светот старее. Во 2010 година бројот на луѓето со повеќе од 65 години изнесувал 7,7% од светската популација. Според проценките на ОН, овој број ќе се искачи на 15,6% до крајот на 2050 година. Причините за ваквиот развој се ниските стапки на природен прираст на населението и зголемениот животен век на луѓето. Во земјите во развој особено се очекува луѓето да живеат подолго од претходно.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Енергични пензионери
Пред еден век да се доживее 75 години беше исклучок. Луѓето на оваа возраст биле сметани за многу стари. Денес, пензионерите се често во добра здравствена состојба и целосно уживаат во животот. Во Германија има пет пати повеќе постари лица отколку пред 30 години.
Фотографија: Fotolia/Gina Sanders
Активен живот
Добрата физичка кондиција на постарите лица е поврзана со подобрената медицинска нега и просперитетот кој се зголемува. Овој тренд се појавува и во земјите во развој, каде што во иднина ќе бидат најголемиот дел на повозрасни лица и пензионери.
Фотографија: Patrizia Tilly/Fotolia
Низок приоритет
Во годините што доаѓаат ќе продолжи и трендот кај младите смејства кои сакаат сè помалку деца. Ова, делумно, се должи на тоа што жените повеќе ја ценат својата финансиска независност, а комбинацијата од деца и кариера тешко се балансира.
Фотографија: Fotolia/Fotowerk
Жените сакаат образование
Друга причина поради која жените имаат помалку деца е затоа што сакаат подобар живот за нивните деца. Тоа е особено забележливо во посиромашните земји, каде што жените ги испраќаат своите ќерки во училиште наместо да ги обврзуваат да се грижат за семејството и домот.
Фотографија: DW/H. Hashemi
Лоши пензиски системи
На земјите во развој во основа им недостасуваат пензиски фондови и социјални системи, а поранешните високи стапки на природен прираст на населението неминовно ќе водат кон зголемување на бројот на возрасните.
Фотографија: Issouf Sanogo/AFP/GettyImages
Само негата не е доволна
Дури и во развиени земји како Германија, добрата грижа за возрасните е само дел од равенката. Иако има голем број на негувателски домови, тие се скапи. Како што се намалуваат пензиите, сѐ повеќе и повеќе возрасни стануваат сиромашни.
Фотографија: Fotolia/Kzenon
Помеѓу пукнатините
Во посиромашните региони, возрасните жени често се принудени да просат за да преживеат. Многу од нив целиот свој живот работеле во полињата и немаат право на пензија.
Фотографија: picture-alliance/Lehtikuva/Hehkuva
Гласот на пензионерите
Низ целиот свет, пензионерите протестираат за соодветни пензиски фондови. Во Никарагва, на пример, пензионерите бараат минимална пензија од 70 евра месечно.
Фотографија: REUTERS
Кариера и во пензионерските денови
Обединетите нации бараат од државите низ светот да создадат можности за вработување за повозрасните луѓе. Нашето сегашно сфаќање за животот во пензионерските денови мора да биде променето. Дури и денес, голем дел од пензионерите работат како сопственици на мали бизниси.
Фотографија: Munir Uz Zaman/AFP/GettyImages
10 фотографии1 | 10
Општествата на кои им се заканува стреење на населението, мора да ги реформираат своите социјални и здравствени системи, предупредува студијата.
Освен тоа, со оглед на растот на животниот век , бројот на луѓе постари од 80 години, ќе се зголеми од 140 на 866 милиони. Преку една четвртина на светското население до крајот на векот ќе бидат постари од 65 години.
Пресуден фактор за тимот на Мјурај да дојде до поразличен резултат во проекцијата на светското население од ОН е прогнозираната стапка на наталитет. Додека ОН поаѓаат од наталитет од 1,8 деца, анализата на Мјурај и неговите колеги поаѓаат од тоа дека секоја жена ќе раѓа помалку од 1,5 деца. За стабилно одржување на бројот на населението во светот би била потребно секоја жена да раѓа просечно 2.1 дете.
Уредникот на магазинот „The Lancet", Ричард Хортон, истакна дека студијата укажува на радикално поместување на геополитичките односи на моќ: „На крајот на овој век светот ќе биде мултиполарен, во него најважни ќе бидат Индија, Нигерија, Кина и САД."