1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Драконски казни за подбуцнувачите на немирите

17 август 2011

По четири години затвор добија две момчиња, кои преку Фејсбук повикале на немири и грабежи во Велика Британија. Групите за човекови права и британски пратеници критикуваат дека дел од пресудите се „несоодветни“.

Две момчиња од северозападна Англија се осудени на по четири години затвор заради поттикнување на немири преку социјалната мрежа Фејсбук. Одлуката синоќа (16.08.11) ја донесе судот во грофовијата Честер. Ова е најстрогата казна по нередите од изминатата недела во Лондон и други британски градови. Судијата Елган Едвардс изјави дека се надева оти пресудата ќе делува предупредувачки за другите.

Двете момчиња преку Фејсбук повикале на улични немири и грабежи во северозападниот англиски град Нортвич како и во Варингтон. До тоа меѓутоа не дошло, оти полицијата навреме спречила избувнување на евентуални немири.

Фотографија: dapd

Пресудите престроги?

Во меѓувреме пристигнаа и првите критики за пресудите на британските судии, кои се сметаат за престроги. Групите за човекови права и парламентарци оценија дека дел од пресудите се „несоодвени“. Експертите по право очекуваат дека многу пресуди ќе бидат обжалени.

Британското министерство за правда соопшти дека досега, во Лондон, се обвинети 1.277 луѓе за кривични дела поврзани со минатонеделните немири. Две третини од обвинетите се задржани во притвор.

Автор: АТ/ БГ/ дпа/ миа

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми