1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Токио: Белоруска атлетичарка ќе бара азил во Полска

ЖА / агенции
2 август 2021

Белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја, по повикот за помош кој го упати синоќа, тврдејќи дека ја принудуваат да се врати во земјата, ќе бара азил во Полска, изјави и заменикот полски министер за надворешни работи

Tokio 2020 | Leichtathletik | Krystsina Tsimanouskaya
Фотографија: REUTERS

Белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја моментно се наоѓа во полската амбасада во Токио, таа побарала азил и планира во идните денови да отпатува во Полска, изјави заменик полски министер за надворешни работи за агенцијата Ројтерс.

„Таа ќе оди веројатно во Полска“, изјавил претходно и сопругот на Тимановскаја денеска за претставништвото на новинската агенција АФП во украинскиот главен град. Арсени Зданевич, кој самиот избегал во Киев, се надева дека во блиска иднина ќе може да ѝ се придружи на сопругата во Полска. И Чешка и други европски земји наводно ѝ понудиле азил на 24-годишната Кристина Тиманоскаја.

Таа минатата ноќ ја поминала во хотел на аеродромот Ханеда во Токио, откако преку социјалните медиуми соопшти дека стравува против своја волја да биде вратена во Белорусија. Истовремено, атлетичарката се обратила за помош и до Меѓународниот олимписки комитет.

Портпаролот на МОК Марк Адамс денеска потврди дека Тимановскаја е на безбедно, со неа постои контакт, а од белорускиот Олимписки комитет е побарано писмено да го соопшти својот став за обвинувањата.

-повеќе:

Белорусија: 14 години казнен логор за Виктор Бабарико

Белорусија: Соработник на ДВ Академија обвинет за велепредавство

Германија ги осудува принудните „фалби“ на Протасевич за Лукашенко

Денеска утрото спринтерката првично била на стартната линија за трка на 200 метри на Летните олимписки игри во Токио. Но, белорускиот Олимписки комитет јавно соопшти дека Тимановскаја, со оглед на нејзината емоционална и психолошка состојба, не може веќе да учествува на натпреварите.

Повод за аферата очигледно било во меѓувреме избришано видео, кое Тимановскаја го постирала на Инстаграм, а во кое го критикува белорускиот Сојуз за атлетика. Тимановскаја тврдела дека е принудувана да учествува на трката 4х400 метри, зашто Атлетичарскиот сојуз на Белорусија на обезбедил доволен број допинг-контроли за атлетирачките кои биле предвидени за трката.

Белорусија: 10 дена во притвор за една песна

01:30

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми