1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дрезден упати важен сигнал против десниот екстремизам

14 февруари 2005

Предлозите на германскиот канцелар Герхард Шредер за коренита реформа на НАТО и одбележувањето на 60 годишнината од бомбардирањата на Дрезден од страна на британската и американската авијација се главните теми на германските весници денеска.

Граѓаните во Дрезден протестираа против најавените демонстрации на нацистите
Граѓаните во Дрезден протестираа против најавените демонстрации на нациститеФотографија: AP

“Нирнбергерцајтунг” ги коментира вчерашните манифестации во градот:

На крајот граѓаните овој ден го претворија во свој.Далеку од омразата и идеологијата,десетина илјади жители на Дрезден жалеа по оние кои своевремено беа запалени во овој град,спасувајќи го на таков начин од окупацијата на идеолошките внуци на оние кои цела Европа ја претворија во пламен,заклучува “Нирнбергерцајтунг”.

“Нордкуриер” од Нојбранденбург донесува:

Тоа беше важен сигнал,во Дрезден многумина чесни Германци и се спротиставија на бандата десни радикали,давајќи на знаење дека и споменот на жртвите од противникот припаѓа кон вистинскиот патриотизам. Само тој кој поседува ваква големина,може да придонесе кон разбирање на народите.

Слично размислува и “Шварцвелдерботе”:

Жителите на Дрезден вчера на впечатлив начин дадоа сигнал против десниот екстремизам.Нивната порака,за разлика од паролите на германските избричени глави и нивните камелеонски водачи во фини костуми,беше еднозначна:никогаш повеќе,коментира "Шварцвалдер боте”.

Предлогот на германскиот канцелар Грехард Шредер изнесен на Минхенската конференција за безбедност,за коренита реформа на НАТО,е исто така тема во фокусот на германските весници.

Предлогот на Шредер наиде на поделени реакции.

"Франкфуртер алгемајнецајтунг” коментира:

Според мислењето од Шредер,Сојузот мора да се прости со минатото,тој во иднина се помалку би требало да игра воена,а се повеќе политичка улога.Колку Шредер со ова сваќање се оддалечи од американската претстава за Алијансата, се виде од говорот на Доналд Рамсфелд:НАТО мора да биде подготвен за борба против цврстиот исламски терор,а не против некои благи разлики,смета тој.Американскиот министер за одбрана од тоа го изнесе познатиот заклучок на светскаат велесила:мораме да се здружиме не околу единствено мислење или тактика,туку околу заедничката цел на Сојузот,изјави Рамсфелд.Тоа,а не авангардноста на Европа во прашањата на безбедноста се причина зошто НАТО не е примарно место за стратешки трансатлански договори,како што би сакал Шредер,потенцира "Франкфуртер Алгемајнецајтунг:”

“Зиддојчецајтунг“ од Минхен пишува:

Германскиот канцелар се погрижи за кавга во НАТО,иако сакаше само да и помогне на Алијансата.Нема Нема никакви индиции дека Шредер се раководел од некои конспиративни мотиви.Канцеларот во надворешната политика ги води работите без долг здив,овде ќе даде некој предлог,таму ќе пушти некој пробен балон,а утре веќе сето е поинаку.Сепак,за жалење е што најважната порака од Шредер помина речиси незабележано,а тоа е неговото искрено признание за значењето на НАТО сојузот.Тоа одамна не сме го чуле од негова уста,констатира" Зиддојчецајтунг".

"Мителдојчецајтунг" го критикува пледоајето на канцеларот на конференцијата за безбедност,па пишува:

Сојузната влада се избламира во Минхен.Канцеларот објави дека сака да го реформира НАТО.Но,отворено прашање е дали тој сака да и помогне на Алијансата да го врати стариот сјај.Министерот за одбрана Петер Штрук,кој на конференцијата го прочита говорот на Шредер,истовремено се дистанцираше од него.На безбедносната конференција во Минхен дојде до пречки во комуникацијата.Тие пречки повторно укажуваат на големината на проблемите.Надеж дава единствено сваќањето до кое дојдоа и Американците и Европејците -дека не можат едни без други,заклучува "Мителдојчецајтунг."

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми