1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дрогата – највносен бизнис во Авганистан

29 март 2004

Посматрачите велат дека ако нешто добро врви во Авганистан, тоа е поризводството на дрога

Од тие причини авганистанската влада од денеска да започнува со големо уништување на полињата на кои се одгледува афион. Според информациите на министерот за внатрешни работи Али Ахмед Џалали, кампањата најнапред ќе се концентрира врз три провинции: Кандахар, Хелманд и Нангархар. Авганистан е најголемиот светски производител на опиум од афион кој служи за добивање хероин. Ова ќе биде тема и на меѓународната конференција за Авганистан што започнува в среда во Берлин.Контрола во Пул-и-Чарки, околу 20 километри источно од Кабул, директно во планинското пдоножје. Мобилната екипа на Обединетите нации прегледува автомобили, камиони, автобуси. Околу 30 лица дозволуваат да бидат претресени додека другите членови на екипата под лупа го ставаат камионот:

“Во вакви возила веќе најдовме дрога, подеднакво како и во автомобилите на една свадба или во возило што превезуваше мртовец“.

Во последниве месеци се запленети неколку килограми хероин, но и неколку тони афион. Почеток, но многу мал ако се има предвид годишното производство на опиум од 3 илјади и 600 тони или две третини од светскиот пазар за дроги. Дрогите се најголемиот економски производ на Авганистан и долгорочно најголемиот проблем на земјата. Генерал Рик Хилиер, командант на ИСАФ мисијата во земјата вели:

“Дрогите без сомневање најголемата закана за безбедноста и стабилноста на земјата. Со тоа се финансираат господарите на војната и терористите. Тоа секако го отежнува и предавањето на власта на централната влада“.

Дрогите се камен на сопнување за нов Авганистан. Не само за безбедноста, туку и за развојот. Без развој нема друга алтернатива за земјоделците кои со производството на афион можат да преживеат, како што истакнува Мохамед Реза Амиркици од ОН:

“Не постојат алтернативни производи. Им останува уште да тргаат по злато. Ништо не носи толкави добивки како дрогите“.

Сепак, авганистанската влада од денеска започнува со голема офанзива во која има намера да уништи 20 до 30 насто проценти од афионската жетва. Меѓутоа, во акцијата нема да учествуваат војници на НАТО од ИСАФ мисијата. Команданот Хилиер:

“НАТО војници нема никогаш да учествуваат во уништувањето на полињата со афион“.

Многумина експерти, дипломати и авганистански официјални лица го сметаат ова воздржување за погрешно. Ако проблемот со дрогите во Авганистан не се стави под контрола, предупредуваат дека обновата и политичкиот почеток се загрозени.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми