1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Другите можат само да сонуваат за тоа

С.Недевски/см/дпа16 август 2014

Бундеслигата и во новата сезона ќе биде најгледана европска фудбалска лига, Спроти почетокот на сезоната повторно има одлична продажба на сезонските билети. Најголем интерес на навивачите бележи Борусија Дортмунд.

Фотографија: ODD ANDERSEN/AFP/GettyImages

Германските љубители на фудбалот со нетрпение ги очекуваат своите светски прваци на терените во Бундеслигата. Но, без разлика на триумфот на Светското првенство во Бразил и големиот интерес на публиката за натпреварите, елитната германска лига во својата 52. сезона најверојатно сепак нема да ги собори рекордот во продажба на сезонски влезници.

Борусија, Шалке, Бајерн

Десетина дена пред почетокот на првиот натпревар (сезоната ја „отвораат“ на 22. август рекордниот првак Бајерн од Минхен и Волфсбург) 18 прволигашки клубови продадоа вкупно 457.900 сезонски карти, објави германската новинска агенција ДПА.

Актуелен рекорд во продажба на сезонски билети е забележан во сезоната 2012./2013. кога членовите на Бундеслигата имаа 482.495 годишни „претплатници“. Тоа се бројки за кои другите големи европски лиги (шпанската или англиската) можат само да сонуваат.

Најголема побарувачка на благајните (повторно) е забележана во Дортмунд. Без сомнеж, Борусија во наредната сезона ќе биде клуб со најбројна посета во цела Европа. Вицепрвакот во Бундеслигата досега успеа да пласира 55.000 сезонски билети, по што е запрена продажбата.

Фотографија: Imago

Иако сигурно можеа да продадат уште многу сезонски влезници, жолто-црните сакаат да им дадат шанса на „спонтаните“ посетители да дојдат до некоја од влезниците за одделни мечеви.

Капацитетот на стадионот на Борусија изнесува 80.645 места. Сопствениците на годишните билети сочинуваат околу две третини од сите посетители.

Голема заинтересираност владееше и во соседниот Гелзенкирхен, каде Шалке 04 успеа во релативно кус временски период да продаде 43.900 сезонски билети. На трето место е минхенски Бајерн со 38.000 годишни карти. И Шалке и Бајерн во меѓувреме ја запреа продажбата на претплатни влезници.

Новаци во елитното друштво

Најмалку сезонски претплатници има во Падерборн. Поранешниот второлигаш кој изненадувачки се пласираше во елтната класа на германскиот фудбал продаде „само“ 9.500 сезонски влезници. Но, треба да се спомене дека стадионот во Падерборн, Бентелер-Арена има скромен капацитет од 15.000 места.

Малку послабиот биланс на сезонски влезници во Бундеслигата отколку во рекордната сезона лесно може да се објасни. Од првата лига испаднаа Нирнберг и Ајнтрахт од Брауншвајг, два клуба со силна навивачка база. Нив во потполност не упејаа да ги „надоместат“ повратниците во Бундеслигата Келн и Падерборн.

Нирнберг и Ајнтрахт во изминатата сезона заедно продадоа 41.500 сезонски билети, а Келн и Падерборн во новата сезона можат заедно да се пофалат со 34.500 годишни влезници.

Фотографија: picture-alliance/sampics Photographie

Продажба на годишни влезници во Бундеслигата (состојба:11.8.2014)

1. Борусија Дортмунд: 55.000

2. Шалке 04: 43.900

3. Бајерн Минхен: 38.000

4. Борусија Менхенгладбах: 30.000

5. Хамбургер: 28.000

6. Штутгарт: 27.500

7. Ајнтрахт Франкфурт: 26.000

8. Вердер Бремен: 25.000

8. Келн: 25.000

10. Хановер: 23.000

11. Мајнц 05: 22.000

12. Волфсбург: 20.500

13. Бајер Леверкузен: 19.000

14. Херта Берлин: 18.000

15. Аугсбург: 17.500

16. Хофенхајм: 15.000

16. Фрајбург: 15.000

18. Падерборн: 9.500

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми