1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ ги достави пратеничките листи

5 мај 2011

Демократската унија за интеграција е првата партија која денеска (05.05) ги достави кандидатските листи за пратеници во новиот парламентарен состав до македонската Државна изборна комисија (ДИК).

Седиштето на ДУИ во Тетово
Седиштето на ДУИ во ТетовоФотографија: DW

„Процедурите за номинација и конечниот избор се јасен и силен доказ за консолидацијата на нашите структури, за нашата тимска работа и посветеност кон нашата заедничка цел – сплотеност на гласовите, сплотеност кон една идеја, и сплотеност кон една веќе докажана опција“, рече Ермира Мехмети од ДУИ, по доставувањето на листите во ДИК. Таа истакна дека ДУИ на овие избори ќе излезе со обединувачка платформа, а не со платформа која дели, со платформа, како што рече, која факторизира, а не мајоризира.

„Ние сме убедени дека нашите кандидати се одраз на оваа определба која несомнено го засега секој Албанец во Македонија денес и поради тоа на овие избори ние сме определени да докажеме дека заедно можеме, заедно сме посилни, заедно сме поуспешни и заедно чекориме кон целта“, рече Мехмети. Таа истакна дека за разлика од нивните ривали кои се изјасниле дека се формирани или организирани против ДУИ, нејзината партија е за Албанците.

Рече дека никогаш не биле организирани против било кого и во името на ДУИ ги повика сите Албанци на овие избори да гласаат „за“, а не „против“. Во првата изборна единица носител на листа од ДУИ е Изет Меџити, во втората Ермира Мехмети-Деваја, во третата актуелниот министер за здравство Бујар Османи, во петката Арбен Лабуништи, а во шестката Али Ахмети.

Автор: ЕМФ/макфакс

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми