1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ гласа против

ЕМФ/миа/макфакс10 септември 2012

ДУИ најави дека нема да го гласа дневниот ред на 40. седница на Собранието и точките на него, бидејќи дел од него е законот за бранители кој, според ДУИ, е противуставен, против Рамковниот договор и меѓуетничкиот соживот

Фотографија: AP

Според Ермира Мехмети од ДУИ, пратениците на оваа партија ќе гласаат против предложените закони на 40-тата парламентарна седница, бидејќи не сакаат да станат политички субјект кој се позиционира и гласа поинаку во одредени моменти и потоа ги менува своите политички ставови:

„Се работи за универзални начела и во име на заштита на тие универзални начела ние ќе гласаме и против овој Предлог закон. Духот на договорот и приниципот на функционирање на политичката и етничката кохезија во рамки на тие што владеат заедно треба да не се повредува во ниту една ситуција, особено кога се работи за партнери на  разни етнички групи што е всушност столбот на функционирање на ова општество“, рече Мехмети.

Симнување на предлог законот за бранители од дневен ред побараа и пратениците од ДПА и НДП. Инаку, законот го предложија пратениците на ВМРО ДПМНЕ, а тој доби поддршка и од СДСМ.

Со Предлог законот се опфатени припадниците на воените и на полициските безбедносни сили кои учествувале во спречувањето на насилно уривање на демократските државни институции во периодот од 1 јануари 2000 до 31 декември 2001 година. Во случај кога се работи за загинати припадници на безбедносните сили, надомест ќе добијат членовите на нивното семејство.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми