1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ не го признава гласањето на дијаспората

БГ/макфакс30 април 2014

Во ДУИ оценуваат дека изборниот процес во дијаспората бил исполнет со голем број неправилности, манипулации и интервенции во избирачкиот список, поради што партијата не ги признава резултатите од гласањето

Фотографија: Petr Stojanovski

За ваквите забелешки ДУИ поднела жалба до Државната изборна комисија и истакнуваат дека партијата бара повторно спроведување на гласање во Европа, САД и Австралија со цел да се отстранат нерегуларностите и да се исправи грешката која намерно била направена во првиот круг со цел да се прикаже вистинската волја на албанските иселеници во дијаспората.

„ДУИ има сериозни забелешки за начинот како се гласаше во Европа, САД и Австралија. Ние ќе ги искористиме сите правни и институционални средства кои се на располагање сѐ со цел до крај да ја браниме политичката волја на албанските иселеници во дијаспората“, истакна Изет Меџити, потпретседателот на Демократската унија за интеграција.

Во својата изјава Меџити спомена дека околу 3.000 иселеници аплицирале со целосно потребна документација но истите, според нив, на скандалозен начин биле избришани од избирачкиот список односно биле лишени од уставното право на глас.

„Целата институционална инфраструктура почнувајќи од Министерството за надворешни работи и неколку амбасади во целиот свет беа во функција на кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ создавајќи услови за нееднаков натпревар со однапред одреден победник. Овој феномен на злоупотреба на државните ресурси беше потенциран и од страна на ОБСЕ/ОДИХР“, нагласи Меџити.

Друга неправилност, како што рече, е тоа што 450 гласачи од Пустец и покрај тоа што немале право на глас тие гласале во сомнителни околности во амбасадата во Тирана обезбедувајќи лични карти во хотел кој се наоѓал од спротивната страна на избирачкото место.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми