1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ебола - многу интерес, малку донации

П.Хиле/ А.Трајковска 16 октомври 2014

Дали германските хуманитарни организации ги потценија размерите од епидемијата со ебола? По првиот смртен случај од ебола во Германија, сега постои зголемен интерес за начините за заштита од вирусот.

Ebola-Info-Veranstaltung in Köln
Фотографија: DW/P. Hille

Даниел Петер стои во една градина во Келн и навлекува прво сина, па потоа жолта заштитна облека. Потоа ја става хаубата преку главата и заштитните очила. На крајот облекува пар големи чевли од пластика.

Младиот лекар е опколен од речиси 30 новинари. Петер пред новинарите демонстрираше како луѓето можат да се заштитат од ебола-вирусот. Интересот за тоа е огромен, особено откако во вторникот во Германија беше регистриран првиот смртен случај од ебола. Оваа манифестација се одржа на покана на акциониот сојуз „Германија помага“ - сојуз на повеќе хуманитарни организации од Германија. Петер веќе има учествувано во помош за Ирак, и по тајфунот Хајан беше ангажиран и на Филипините. Дали би отпатувал и во областите погодени од ебола, и во сино-жолта заштитна облека да пружа помош?

„Не, не би заминал, пред сѐ оти имам две мали ќерки“, вели Петер. „Верувам во безбедноста на заштитната облека, до таа мера, колку што верувам во човечки грешки. Јас не сум човек кој не прави грешки“. Ризикот не може целосно да се елиминира и тоа му било премногу, со оглед на тоа што има мали деца.

Малку донации

Повеќе од 400 лекари и помагачи веќе се заразија со ебола. Исто така и во Шпанија и во САД, каде има далеку подобра заштитна облека отколку во западна Африка, со вирусот се заразија медицински сестри. Тие згрижувале пациенти заболени од ебола. Во Германија стандардите се уште подобри, вели Петер. Овде постои многу помала веројатност за зараза отколку во Либерија.

Информативна манифестација во КелнФотографија: DW/P. Hille

Германските хуманитарни организации досега имаат мал доток на финансиски средства. За споредба кога има земјотреси, бури и други катастрофи, Германците донираат многупати повеќе. Дури и хуманитарните организации предолго ги потценија размерите на епидемијата и не бараа доволно донации.

Едит Валмајер, раководител на помошта за странство во организацијата „Arbeiter-Samariter-Bundes (ASB)“ вели: „Тие во моментов не се за тоа школувани, на пример да поставуваат станици за изолација или да третираат болни од ебола“, вели Валмајер. Ваквата обука сега ќе биде вклучена во тренингот. „Бидејќи инфективните болести се посебно тешки, против нив мораат дополнително да се обучуваат“. Таа дополнува дека во клиниката на оваа хуманитарна организација во Гамбија во моментов се школува персоналот да ракува со сините и жолтите заштитни мантили.

Страв од проширување

„Постои оправдан страв“, вели Валмајер. Во соседната земја Сенегал имало случај на ебола и во клиниката на ASB секој втор пациент е од друга африканска земја. „Оттука има голема шанса во нашата клиника да дојде пациент со ебола“.

Едит ВалмајерФотографија: DW/P. Hille

Во случај во Германија да се заразат луѓе, на тоа се подготвевени од ASB и другите хуманитарни организации, вели Валмајер. Имено целосно да се исклучи таквата можност не може.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми