1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загадувањето на воздухот е резултат на старите термоцентрали

БГ
4 декември 2018

Европската банка за обнова и развој ги советува земјите од Западниот Балкан да го зголемат користењето на обновливи извори на енергија. Степенот на загадување во моментов е трипати над просекот во ЕУ.

Symbolbild Klimawandel Kohlekraftwerk Schwarze Pumpe
Фотографија: imago/photothek

Загадувањето на воздухот во земјите од Западниот Балкан може да се намали преку замена на актуелните термоцентрали на јаглен со обновливи извори на енергија, хидроцентрали и гас од јаглен, оценува Европската банка за обнова и развој.

„Актуелниот инсталиран електричен капацитет во регионот е околу 18,000 мегавати и тој е речиси еднакво поделен меѓу хидроцентралите и термоцентралите, со тоа што вторите најчесто работат на јаглен. Количеството на јаглерод кое се емитува во атмосферата, во споредба со големината на економијата, е три пати повисоко од просекот во ЕУ“, наведуваат од ЕБРД.

Според банката, целиот регион, меѓу нив и Македонија, страдаат од високо ниво на воздушно загадување поради зависноста од застарените термоцентрали на јаглен.

Потпретседателот на ЕБРД, Јирген Ригтеринг веќе најави дека согласно новата стратегија веќе нема да биде поддржувано финансирање на термоцентрали на јаглен.

Притоа, од ЕБРД сметаат дека обновата или изградбата на нови термоцентрали во регионот „се заканува да биде сериозна грешка, не само во однос на влијанието врз животната средина, туку и економски“.

Ни хидроцентралите не се решение

„Дури и доколку обновените или новите централи ги исполнуваат стандардите на ЕУ, цената за емисија на секој тон јаглерод се очекува да расте, бидејќи ЕУ ги заострува своите правила, што пак го прави користењето на извори на енергија со големи емисии економски неисплатливо“.

Околу половината од енергијата во регионот се добива од хидроцентрали, но и тие се цел на бројни критики поради нивното физичко влијание врз животната околина. Од друга страна, обновливите извори на енергија како ветрот, сонцето и биомасата не се доволно развиени во земјите на Западниот Балкан.

Според ЕБРД, уште една можна алтернатива на јагленот е гасот, кој нуди и еколошки и економски предности. Нова димензија во таа насока може да донесе планираниот Трансјадрански гасовод.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми