Воената мисија за евакуација од аеродромот во главниот град на Авганистан влегува во завршна фаза- под екстремно опасни услови. Цел на екстремистите повторно беше токму аеродромот.
Реклама
Неколку ракети биле изпукани утрината во насока на аеродромот во Кабул, објавија едногласно очевидци од авганистанската престолнина и официјален претставник на американската влада. Како што се вели, проектилите биле пресретнати од против-ракетен одбранбен систем. Во близина на аеродромот се кренал чад. Нема извештаи за жртви или повредени. На социјалните мрежи беа споделени видеа на кои се гледа запален автомобил од кој се верува дека се испукани ракетите.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера уште еднаш предупреди предупреди од нови напади врз аеродромот и неговата најблиска околина. Повеќе од сто луѓе беа убиени таму во самоубиствен бомбашки напад во минатата недела, меѓу нив 13 американски војници. Тоа беше најсмртоносниот напад врз американските војници во Авганистан во последните десет години.
Цивилни жртви при американски напад со дрон?
Американската армија, инаку, вчера соопшти дека успеала да спречи нов самоубиствен напад на аеродромот во Кабул. Како што објави Пентагон, беспилотно летало на американската војска уништило автомобил наполнет со експлозив.
Операцијата успешно спречи „непосредна закана“ за аеродромот од страна на терористите, а исходот од воздушниот напад сѐ уште се испитува, соопшти американскиот команден центар за регионот (Центком). Уништеното возило содржело „големо количество експлозив“, „што можело да доведе до дополнителни жртви. (...) Би биле многу тажни поради евентуална смрт на невини луѓе“, се вели во соопштението на американската војска, со кое се реагира и на извештаите дека во нападот со дронот загинале и три деца.
„Војната во Авганистан заврши'“
Претседателот на државата избега, радикално исламистичките талибанци ја зазедоа претседателската палата во Кабул. Населението во Авганистан е во неизвесност и страв. Странците се евакуираат.
Фотографија: Zabi Karim/AP/picture alliance
Талибанците во центарот на моќта
По изненадувачки брзата офанзива во Авганистан, радикално исламистичките талибанци прогласија победа. Само по околу три месеци од почетокот на повлекувањето на меѓународните трупи од земјата, талибанците ја зазедоа палатата на претседателот Ашраф Гани.
Фотографија: Zabi Karim/AP/picture alliance
Исламистите сакаат „да ги решат проблемите“
„Војната во Авганистан е завршена“, изјави Мохамад Наим, портпарол на талибанците. „Ги молиме сите земји и организации заедно да работиме на решавање на сите проблеми“, додаде тој. Формата на идната влада ќе биде набрзо објавена.
Фотографија: Sefa Karacan/AA/picture alliance
Симбол на новите владетели
На многу места во Авганистан талибанците го имаат закачено своето знаме. Така е и на централниот плоштад во Кундус (на фотографијата). Освојувањето на провинцискиот главен град во североистгочен Авганистан пред неколку дена беше шок за Западот. Во Кундус десет години беа стационирани германски војници.
Фотографија: Abdullah Sahil/AP Photo/picture alliance
Полициско возило во рацете на талибанците
САД потрошија милијарди долари за обука и опремување на авганистанската војска и полиција. Со капитулацијата на овие сили речиси без отпор, оружјето и опремата сега е во рацете на исламистите. На фотографијата талибански борци во полициско возило патролираат пред аеродромот во Кабул.
Фотографија: REUTERS
Гани е веќе во странство
Авганистанскиот претседател (на фотографијата - во текот на телевизиски говор непосредно пред бегството) наводно избегал во Узбекистан. Ашраф Гани е заедно со шефот на својот штаб во Ташкент, јави Ал Џазира повикувајќи се на информации на телохранител на Гани.
Колони на улиците на Кабул на 15.08.2021 - многумина сакаат да ја напуштат земјата што побрзо. Според медиумски извештаи, талибанците наредиле никој да не биде спречуван при заминувањето од земјата. Многу луѓе се обидуваат да стигнат до аеродромот во Кабул пеш.
Фотографија: Khodaiberdi Sadat/AA/Getty Images
Гужви на аеродромот
Голем број држави ги повикаа своите граѓани веднаш да го напуштат Авганистан. Пред шалтерите на аеродромот во Кабул има долги редици веќе неколку дена. Во тек е и акцијата на враќање на германските државјани во татковината.
„Правиме сѐ за да им овозможиме на нашите државјани и нашите поранешни локални соработници да заминат во наредните денови“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас. Авиони на германскиот Бундесвер заминаа во Авганистан како поддршка на евакуацијата.
Фотографија: Moritz Frankenberg/dpa/picture alliance
8 фотографии1 | 8
Последни часови на воздушниот мост
САД, во меѓувреме, се блиску до финализирање на конечното повлекување на нивните трупи од Авганистан. Утре, американските вооружени сили ќе ја напуштат земјата во Хиндукуш по 20 години. Со повлекувањето, завршува и воздушниот мост за евакуација откако радикалните исламски талибанци дојдоа на власт пред две недели. Од 15 август, околу 114.000 луѓе се евакуирани од Авганистан. Германскиот Бундесвер ја заврши својата мисија за евакуација во четвртокот.