1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Во Франкфурт слета авион со луѓе евакуирани од Авганистан

Улрике Кваст
18 август 2021

Во Германија изутринава пристигна првиот авион со 130 луѓе евакуирани од Авганистан. Уште голем број луѓе евакуирани од Кабул чекаат во Ташкент, Узбекистан.

Lufthansa Flugzeug aus Kabul landet in Frankfurt
Фотографија: Thilo Schmuelgen/REUTERS

Авионот А400М на германскиот Бундесвер го почна воздушниот мост на спасување Германци и Авганистанци во вторникот (17.08) и веќе апсолвираше неколку летови до Ташкент, Узбекистан. Оттаму дел од евакуираните луѓе беа префрлени во Германија со Ербас А340 на Луфтханза. Авионот слета во Фрнакфурт рано изутринава.

Во меѓувреме, во Ташкент слета третиот авион на Бундесверот, кој од Авганистан пренесол 139 луѓе, соопшти германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас. Луѓето оттаму во текот на наредните часови треба со авиони на Луфтханза да бидат префрлени во Германија.

Германската авиокомпанија, во договор со германската влада, ќе апсолвира и летови за евакуација од Доха во Катар, а можеби и од другите држави кои се до Авганистан, соопшти портпарол на Луфтханза. За наредните денови се планира неопределен број на летови.

Повеќе:

Профункционира германскиот воздушен мост за евакуација од Кабул

Авганистанците во Германија ужаснати од ситуацијата во татковината

Авганистанските жени стравуваат од најлошото

Министерот Мас изјави дека уште еден транспортен авион на Бундесверот е подготвен за евакуација од Кабул. „Во моментов аеродромот е затворен, а штом ќе се отвори, ќе продолжиме“, рече Мас.

Командата на Бундесверот задолжена за евакуацијата соопшти дека на аеродромот во Кабул во моментов не полетуваат авиони поради тоа што на располагање нема противпожарна служба на аеродромот. Инаку, аеродромот во меѓувреме е под контрола на американската армија. Американските војници се задолжени за безбедноста на аеродромот и за координирање на акциите за евакуација.

Многу земји, меѓу нив и Германија, се обидуваат да ги извлечат своите граѓани што е можно побрзо од Авганистан. Се извлекуваат и Авганистанци кои работеле за безбедносните сили на други држави или за меѓународни организации и кои сега стравуваат од одмазднички акции на талибанците.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми