1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврејски градоначалник со широки погледи

Јанис Пападимитриу
7 јуни 2019

Мозес Елисаф е првиот градоначалник Евреин во Грција. Од септември ќе се грижи за потребите на градот Јанина, за кој има големи планови.

Greichenland Moses Elisaf Bürgermeister von Ioannina
Фотографија: Office Elisaf/D. Ntaras

Трката во Јанина беше тесна: со 50,3 проценти од гласовите Мозес Елисаф минатата недела го победи претходникот Томас Бегас, кој освои 49,7 проценти од гласовите. Двајцата кандидати не можеа да бидат поразлични. Бегас е близок до владејачката Сириза, делува опуштено и пријателски во настапот. Наспроти него, 64-годишниот Елисаф е сериозен и по малку дистанциран, како да го чувствува товарот на одговорноста што ќе ја има. Тој настапи како независен локален политичар и ги демантираше наводите дека конзервативната опозициска партија Неа Демократија го фаворизирала.

„Во Јанина постојано има кандидати кои имаат политичка позадина, но не испорачуваа добри резултати", критикува Елисаф во разговор со ДВ. Новиот градоначалник ќе ја преземе должноста во септември и ќе се соочи со големи предизвици како густиот сообраќај, недоволно улично осветлување, малку игралишта за деца. Јанина е еден од најубавите градови во Грција, но во изминатите 40 години се ширеше неплански. Деновиве, сепак, во прв план е радоста дека победил Елисаф, како што вели еден професор по медицина, што било и признание за сите негови напори од изминатите денови и порака против предрасуди и антисемитизам. Централниот совет на Евреите во Грција („Central Board of Jewish Communities in Greece“) го поздрави изборот на Мозес Елисаф. „Вредностите на еден човек се многу поважни од прашањето дали е Евреин или христијанин", вели претседателот на Централниот совет, Давид Салтиел за ДВ. Граѓаните на Јанина, според него, избрале способен човек и дале јасен знак против нетолеранција и антисемитизам.

Јанина е еден од најубавите градови во ГрцијаФотографија: picture-alliance/ZB/R. Kaufhold


Еврејско културно наследство и многу повеќе

Ако се погледне минатото, разбирливо е дека Евреин ќе го води градот. Целиот регион Епир има шарена историја и мултикултурна традиција. Долго време таму владееле Османлиите и Венецијанците. Во 1913. Епир бил припоен кон новата грчка држава. Во тоа време македонската метропола Солун, на само три часа возење од Јанина, важела за „Ерусалим на Балканот“ бидејќи на ниту едно друго место немало таков живот за Евреите.

Но, во Солун живееле пред сѐ Евреи од шпанско говорно подрачје, вели Елисаф. Тие се потомци на Евреите од Шпанија кои морале да ја напуштат татковината во 15. век и биле прифатени во Османлиското царство. Јанина пак била главен град на Евреите од грчкото говорно подрачје. „Тие негувале свои обичаи, па дури и архитектурата на синагогите била различна", вели Елисаф, кој веќе 17 години е и претседател на еврејската заедница во Јанина.

На почетокот на 20. век во градот живееле околу 5 илјади Евреи од грчко говорно подрачје, што било повеќе од четврт од населението. На почетокот на Втората светска војна не останале повеќе од 2 илјади. За време на германската окупација речиси сите биле депортирани и убиени. Од концентрационите логори само стотина се спасиле и вратиле назад. Па така, на изборната победа на Елисаф ѝ се припишува посебно значење, смета Давид Салтиел, претседател на Централниот совет на Евреите во Грција. „Речиси целата еврејска заедница од Јанина беше жртва на геноцид за време на холокаустот, 75 години подоцна на истото место потомок на преживеан од холокаустот станува градоначалник", посочува тој.

Фотографија: picture-alliance/ZB/R. Kaufhold

Солун како пример

Новиот градоначалник го нагласува фактот дека во неговиот град со векови живеат мирно и во соживот православни Грци, муслимани и Евреи. Како градоначалникот се справува со минатото? Најдобро е со отворен и позитивен пристап насочен кон иднината. Како тоа функционира, покажува колегата од Солун: Јанис Бутарис, непартиски градоначалник и поранешен лозар, успеа да го интернационализира еврејското и османлиското културно наследство и со тоа да привлече стотици илјади туристи во вториот по големина град во Грција. Бутарис во Солун постави добар пример и Јанина може да го следи, предлага Елисаф. Тоа не е лесно, бидејќи Бутарис мораше да се бори против тврдокорните конзервативци и критичари. „Но денес дури и скептиците го поддржуваат Бутарис“, вели новиот градоначалник на Јанина.

Повеќе: Грчките конзервативци се победници на локалните избори

Западниот Балкан се приближува

Фактот што многу луѓе во Јанина се фокусирани само локални прашања, не се должи само на географија. Со векови овој планински регион во Епир беше тешко достапен и за жал беше дестинација само за љубителите на природата. По изградбата на нови автопати низ Грција во изминативе 15 години, многу работи се променија. И уште поважно: соседна Албанија веќе не важи за закана, туку како шанса за иднината. Барем во тоа веруваат луѓето со напредни идеи во кои спаѓа и новиот градоначалник: „Не само Албанија, туку и Хрватска, Црна Гора и сите земји од Западниот Балкан се приближуваат. По новиот автопат, на пример, од Софија до Јанина можете да стасате за четири часа“, со радост констатира Елисаф и додава: „Имаме шанса да прераснеме во регионална метропола со меѓународна репутација."

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми